Македонија

Возниот парк во Македонија „стар“ 20 години

Бројот на регистрирани возила е дуплиран – од 350.000 во 2012 на речиси 700.000 во 2024, а просечната старост е зголемена на 19,4 години, што значи дека на патиштата се возат сè повеќе и сè постари автомобили

Повеќе од 80% од увезените автомобили се половни, а годинава на еден нов автомобил доаѓаат 3,5 половни.

Бројот на регистрирани возила е дуплиран – од 350.000 во 2012 на речиси 700.000 во 2024, а просечната старост е зголемена на 19,4 години, што значи дека на патиштата се возат сè повеќе и сè постари автомобили.

Во земјава од почетокот на годинава досега, според податоците од Царинската управа, се увезени вкупно 62.069 возила, од кои 53.867 се патнички автомобили.

На еден увезен нов автомобил годинава во просек се увезени по 3,5 половни автомобили, односно за 11 месеци годинава увезени се вкупно 12.025 нови автомобили, наспроти 41.842 половни автомобили, покажува анализа на МИА..

Според анализата, во Скопје е регистрирано секое трето возило во земјава – повеќе од 33% од патничките и 38% од товарните автомобили. Дизелот доминира со удел од 63%, бензинот паѓа на 26%, а електричните и хибридните возила бележат брз раст – само лани има пораст од 169% за електрични и 295% за хибридни автомобили.

Кај увозот на товарни моторни возила, годинава има повеќе увезени нови возила 4.408, наспроти 3.502 половни, додека нови автобуси и минибуси годинава се увезени само 13, наспроти 278 употребувани.

Од 2009 година досега, според податоците од Царинската управа, увезени се вкупно 631.574 патнички автомобили, од нив над 81 процент или 515.856 се половни, а само 115.718 се нови автомобили.

Увозот на нови возила лани го надминал бројот на увезени нови возила во 2009 година, кога за последен пат во земјава биле увезени повеќе нови – 10.574 автомобили, наспроти половни – 2.944 автомобили.

Од тогаш во земјава секоја година се увезувале повеќе половни од нови автомобили, додека од 2010 до 2023 година ниту еднаш не се увезени повеќе од 10.000 нови автомобили. Минатата година е надминат овој праг кога се увезени 13.168 нови автомобили. Истовремено, минатата година се увезени и 41.484 половни возила.

Најмногу половни возила се увезени во 2010 година – 51.399, по што годишно се увезувале околу 30.000 половни возила. Минатата година повторно биле увезени значително повеќе половни возила и тоа 41.484, додека годинава за само 11 месеци таа бројка е надмината и увезени биле 41.842.

Во 2009 година 73,8 проценти од увезените возила биле нови, по што имало драстичен пад, па од 2010 година во увозот на возила доминираат половните. Во 2010 година уделот на употребувани достигнува 87,1%, а во 2025 година опаѓа на 73,5%. Највисок удел половните возила имале во 2012 година, кога 88,3 проценти од сите увезени возила во земјава биле половни.

Увозот на нови возила од 2010 година бележи благ раст, од 12,9 проценти во 2010, на 26,5 отсто во 2025 година. Највисок удел новите возила имаат во 2022 година, кога 28% од вкупно увезените возила во земјава биле нови.

Во 2012 година на патиштата сме имале вкупно 301.761 автомобили со просечна старост од 16,8 години. Како се зголемува увозот, така се зголемува и просечната старост, а така во 2024 година на патиштата имало 580.210 регистрирани автомобили со просечна старост од 19,4 години.

Просечната старот на автомобилите на патиштата низ земјава лани е 19,4 години, од кои над 87,9 проценти се постари од десет години, додека само 1,8 отсто биле не постари од две години. Ова е негативен тренд, споредено со 2009 година кога просечната старост на автомобилите на патиштата низ земјава била 15,7 години, од кои 68 проценти биле постари од 10 години, а околу 8 проценти биле не постари од две години. Во апсолутни бројки во 2009 година имало двојно повеќе нови коли на улиците, не постари од две години – 22.000, споредено со 10.000 нови коли во 2024 година.

Над 455.000 возила на патиштата во земјава биле произведени пред 2010 година, што значи дека се под Еуро 5 еколошки стандард.

Од вкупно 684.417 регистрирани возила лани, 580.210 биле патнички автомобили. Од нив најголемиот дел или околу две третини биле на дизел, 25% на бензин и околу 1% хибрид или електрични.

Во 2024 година на патиштата низ земјава биле регистиррани 365.947 дизел автомобили, 150.439 на бензин, 5.078 хибридни и 1.507 електрични возила.

Споредно по години, дизелот е структурно доминантен во патничките автомобили и расте со повеќе од 12 проценти годишно во последните десетина години, додека бензинот постепено губи удел и има просечен годишен пад од -2,32 проценти. Електричните и хибридните возила се мал сегмент, но со највисоки релативни стапки на раст во последните години, така што во 2024 споредено со 2023 година покажуваат особено силно зголемување.

Растот на електричните возила лани е 169 проценти, а на хибридите 295 отсто. Во 2024 биле регистрирани 1.507 електрични возила и 5.078 хибридни возила, додека во 2023 биле 561 електрично и 1.287 хибридни возила.

Во последните десет години бензинците од 215.175 во 2014 година и удел од 58 % на патиштата постепено се намалиле на 150.439 регистрирани возила во 2024 година или нешто под 26 %.

Дизелите од 145.065 возила на улиците или удел од 39 % во вкупниот број регистрирани автомобили во 2014 година, има континуиран раст и се зголемил за речиси два и пол пати на 365.947 регистрирани возила во 2024 и удел од 63 проценти.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Поплавени куќи во Кичево – состојбата алармантна, семејства итно евакуирани

Кичевчани, барем оние кои се загрозени, бараат да бидат сместени во социјални станови кои се обезбедени во градот. Меѓутоа градоначалникот вели има 30 станови, ни никој во минатото не презел мерки да се обезбеди струја и вода во нив. Планот му е вели да им се најде трајно живеалиште, наместо повторно да бидат вратени во куќите, до следната поплава.

Самсунг (Samsung) одбројува до Милано Кортина 2026 со претставување на новиот ростер на тимот “Samsung Galaxy“

Нов тим составен од глобални спортисти предводници на патот кон претстојните Олимписки и Параолимписки Зимски Игри ќе го отелотвори верувањето на брендот дека „Отвореното секогаш победува

Грипот коси – пикот допрва доаѓа, што препорачуваат лекарите?!

Новогодишните прослави, како и собирите за време на празниците си го направија своето, односно го раширија грипот. Периодов ординациите на матичните лекари се полни со болни. Бројот на пациенти со симптоми карактеристични на грип почнал да се зголемува во последната недела од декември. Кај нас до сега има 1.725 нови случаи. ИЈЗ предупредува дека пикот допрва доаѓа и даде неколку препораки за заштита на граѓаните.

Колона од возила на граничниот премин кај Делчево, поради електронско внесување податоци за патници без ЕУ-пасоши

Поради електронско внесување на податоци за патници, кои не поседуваат пасоши од Европската Унија, моментно е формирана колона од возила на граничниот премин Делчево – Станке Лисичково. Патници кои го користат годишниот одмор за МИА информираат дека колоната е долга околу еден километар.

To top