Македонија

Враќање по една деценија: Легендарниот македонски коментатор го отвора Светското првенство на македонски јазик на „Арена“

Враќање на македонската легенда за најголемиот спортски настан на планетата

Еден од најпрепознатливите гласови во македонското спортско новинарство, Перо Момировски, вечерва се враќа во коментаторската кабина по подолга пауза и ќе го пренесува првиот натпревар од Светското првенство во фудбал.

На телевизија „Арена“, Момировски ќе го коментира на македонски јазик историскиот меч меѓу Мексико и Јужна Африка, кој го отвора мундијалот.

Со својот препознатлив стил, детална анализа и емоционална енергија, Момировски кој кариерата ја почнал во 1992 во Македонското радио низ годините стана омилен кај македонските љубители на фудбалот но од пред десетина години со запирањето на фудбалски преноси на македонските телевизии тој не беше присутен на телевизиски преноси.

Неговото враќање претставува вистински подарок за публиката, особено во моментот кога почнува најголемиот спортски настан на планетата.

Публикацијата на „Арена“ најави дека Момировски ќе биде дел од нивниот тим во текот на целиот турнир, а вечерва во 21 часот македонските гледачи ќе можат да го слушнат неговиот глас во директен пренос.

Арена Спорт Македонија собра силен коментаторски тим за Мундијалот 2026

Освен Перо Момировски, кој вечерва го отвора турнирот со мечот Мексико – Јужна Африка, натпреварите од Светското првенство на Арена Спорт Македонија ќе ги коментираат и следниве одлични искусни спортски новинари и коментатори:

Тони Стојановски (главен и одговорен уредник и еден од водечките гласови)
Горан Стерјов
Зоран Мишевски
Дамјан Николовски
Југослав Костовски
Александар Табаковски
Марија Коцева
Игор Паневски
Златко Андоновски
Иван Димовски

Тимот брои околу десетина коментатори, претежно искусни професионалци кои доаѓаат од МРТ и други македонски медиуми.

Ова е првпат по 52 години МРТ да не пренесува мундијал, па Арена Спорт Македонија ја презеде улогата со целосно македонски коментар за сите 104 натпревари.

Фото: Фејсбук профил П. Момировски

Најнови вести од: Македонија

Од историска касарна до најдобра зелена библиотека во светот: „Рами“ во Истанбул го освои првото место на наградите на IFLA

Најголемата библиотека во Истанбул, „Рами“, го освои првото место во категоријата „Проект од големи размери“ на наградите „Green Library Awards 2026“

Димитриеска-Кочоска: Старите долгови мора да се враќаат – речиси 1,5 милијарди евра доспеваат во 2027 година

Новата еврообврзница, чие издавање е планирано во 2027 година, е дел од навременото обезбедување пари финансирање на обврските на државата, меѓу кои и отплатата на значителен износ на стари долгови што достасуваат следната година, а земени од претходната Влада. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со обвинувањата на опозицијата за ново задолжување на Владата од 1,3 милијарди евра.

На патот Охрид-Кичево синоќа загина кошаркарскиот тренер Антонио Савески (33) од Охрид, откако возилото му удрило во кучиња и се запалило

Тешка сообраќајна несреќа изминатата ноќ, што се случи на автопатот Охрид-Кичево, заврши со трагичен исход: животот го загуби 33-годишниот Антонио Савески од Охрид, тренер во младинската школа на кошаркарскиот клуб „Ангели“.

Клековски: Решен е проблемот за пациентите со хемофилија – обезбедени над милион единици фактор 8

Министерот за здравство, Сашо Клековски одржа прес конференција со директорот на Институтот за трансфузиона медицина, Амир Елези, на која информираа дека се обезбедени 1.2 милиони единици фактор 8 за хемофилија, во вредност околу 500.000 долари.

To top