Македонија

ВРЕДИ: Како партнер на Левица, ДУИ гази по достоинството на Албанците

Коалицијата ја обвини ДУИ за соработка со партијата „Левица“која се смета за албанофобична

 

„ДУИ падна толку ниско што веќе не се крие зад сцената, туку отворено се појавува како политички партнер на најалбанофобната партија во земјата, „Левица“ на Димитар Апасиев. Кандидатурата на Јована Мојсовска во Струга е печат на срамниот договор што го смислија луѓето на Али Ахмети со Левица, со единствена цел да ја спречат победата на Менди Ќира во првиот круг“, велат од ВРЕДИ.

„Денес, исто како во „соба 161“ кога се откажаа од претседателот на парламентот само за да останат на власт, ДУИ избра да ги здружи силите со „Левица“ за да ги спречат промените.

Овој договор меѓу ДУИ и „Левица“ е јасен доказ дека се отуѓиле и се откажале од секоја потреба на стружани. За Ахмети и неговите емисари, моќта е повредна од достоинството на Албанците, иднината на Струга или слободниот глас.

ДУИ избра да стане партнер на „Левица“. Но, граѓаните на Струга избраа да „Бидат партнери на промените. И на 19 октомври, оваа промена ќе се случи.“ Струга ќе стави крај на ерата на корупција и ќе отвори нов, чист и чесен почеток со Менди Ќира“, се вели во соопштението на ВРЕДИ.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top