Македонија

ВРЕДИ: Коалицијата без визија се распаѓа

Изградена без цел, без визија и без јасна политичка ориентација, НАИ влегува во фаза на неизбежно распаѓање

 

 

„Она што се случи вчера со заминувањето на АА на Зијадин Села и заминувањето на Кренар Лога од оваа коалиција јасно ја покажува длабоката внатрешна криза, недостатокот на кохезија и неуспехот да се изгради одржлива политичка понуда, се вели во соопштението на ВРЕДИ.

Не само што не успеваат да обликуваат заедничка насока, туку секој ден докажуваат дека оваа коалиција функционирала само како засолниште за тесни лични интереси, а не како политички проект за Албанците.

Села „му раскина“на Ахмети!

ВРЕДИ останува единствената консолидирана сила, со програма, визија и јасна структура за градење држава.

Додека НАИ се распаѓа дел по дел, граѓаните и важните политички личности се враќаат таму каде што се наоѓаат стабилност, сериозност и вистинска перспектива“, објавија од ВРЕДИ.

Оттаму нагласуваат дека ВРЕДИ ќе продолжи да работи со одговорност и транспарентност, заштитувајќи го општиот интерес и градејќи сигурна иднина за граѓаните, додека другите се справуваат со распаѓањето на коалиција која никогаш немала своја кауза.

Најнови вести од: Македонија

Комисијата по жалби го поништи тендерот МВР за униформи

Компанијата чија понуда била избрана за најдобра за делот за виндјакна и за теренска униформа за редовната полиција, не ги исполнувала самостојно условите за минимален број на вработени и други критериуми туку приложила т.н. техничка поддршка од фирма од Србија

To top