Македонија

ВРЕДИ најави дека ќе биде втора политичка сила по обединувањето во една партија

Владиното мнозинство е стабилно, со тенденција за натамошно окрупнување, велат од коалицијата на пат да стане единствен субјект

Коалицијата ВРЕДИ е во завршна фаза на обединување во еден политички субјект, кој ќе биде втора политичка сила во Македонија, велат од идната единствена партија составена од сегашните пет – Алијанса за Албанците на Арбен Фетаи, Движење Беса, Демократско движење, Алтернатива и Самоопределување.

Владата има стабилно и значително мнозинство, со тенденција дополнително да се окрупнува, се наведува во соопштението од ВРЕДИ.

„И резултатите од неодамнешните локални избори јасно го покажуваат тоа: ВРЕДИ освои 10 општини, односно околу 80 проценти од општините со доминантно албанско население. Тоа е јасна и недвосмислена потврда каде е довербата на граѓаните. Сметаме дека главниот фокус треба да биде испорака на политики што ќе го подобрат животниот стандард на граѓаните и ќе ги зајакнат сервисните функции на извршната власт“, велат од коалицијата.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Македонија има највисок економски раст во регионот и инфлација пониска од европскиот просек

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата води про-бизнис и проекономска политика, посочувајќи ги податоците на Европската комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка како потврда за економските резултати на Македонија.

Милошоски: Филипче зборува за Србија, за да не се зборува за состојбите во СДСМ

Претседателот на СДСМ ја пренасочува политичката дебата кон Србија за да ги избегне прашањата за состојбите во сопствената партија, неговиот личен рејтинг и слабата внатрепартиска кохезија

To top