Македонија Колумни

Време е за нова пролет на Македонската Република! – пoрака до ЕУ и „добрите соседи“ од Давкова дека нема веќe да се „витка“ „железниот“ илинденско-асномски ‘рбет, како „гумениот ‘рбет“ на Заев!

На 2 август 1944 на Првото заседание на АСНОМ Панко Брашнаров го одржува историскиот говор, во кој меѓу другото, ќе каже: „Денес на вториот славен Илинден, се ставаат темелите на македонската држава… Да е жива нашата мила македонска федерална држава!“ На 2 август 2025, 81 година по Брашнаров, во својата илинденска реч, исто така, со исклучително значење во поновата македонска историја, претседателката на Република Македонија Гордана Силјановска-Давкова ќе се надоврзе на свој начин на зборовите на Панко, нагласувајќи: „Да ни е вековита Македонската република, зачната овде во Крушевската република! Да ни е вечна слободата! Ние не сме стебло без корен.“

Токму на Илинден 2025, пред Мечкин камен, на одбележувањето на 122-годишнината од кревањето на Илинденското востание, и тоа пред дипломатските претставници на државите-членки на ЕУ, Гордана Силјановска-Давкова, претседателката на Република Македонија, го упати повикот дека е „време за новата Македонска република!“. Тоа е најдиректна порака до сегашнава лицемерна политичка Европа, олицетворена во Европската унија, но и до „македонските „добри соседи“, дека македонскиот народ и таа, како претседателка негова и на сите македонски граѓани, нема никогаш да го свиткаат „железниот“ илинденско-асномски ‘рбет на македонската држава, како што во 2008 година Зоран Заев во име на таа иста држава го свитка својот „гумен ‘рбет“ пред Грција, Бугарија и ЕУ, подготвувајќи се за најголемото предавство во поновата македонска историја.

„Треба да ја свиткаме кичмата и да попуштиме за името. Не ни личи да бидеме патриоти, туку треба да мислиме на економската иднина на земјата!“ – кажа Заев и со ова воспостави „урнек“, кој и денес мнозина „доследно“ и „посветено“ го оживотворуваат. Стево Пендаровски, кој на македонскиот народ ќе му даде во 2020 година „комплимент“ дека е „стока“, во декември 2021 година ќе порача: „Ако не соработуваме повеќе со соседите, илузија е да очекуваме поголема соработка со земјите-членки на Европската Унија.“ Пендаровски веќе си има со Бојко Борисов уште од 2019 година „интимна политичка соработка“ врз грбот на Македонија и Македонците: нему ќе му каже тогаш како на бугарски премиер: „Љубави, како си ми, те поздрави Зоки!“

А, за разлика од Заев и Пендаровски, претседателката Гордана Силјановска-Давкова на Илинден 2025 во Крушево, токму на местото каде што положуваа темелите на денешната Македонска Република Македонија, ќе нагласи: „Ние не сме стебло без корен. Колку и да ни е тешко, не треба да се обесхрабруваме од пречките и препреките. Сме опстоиле и сме надминале и потешки проблеми.“

Потсетувајќи дека во 1943-тата година, на 40-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република, од партизанската печатница „Гоце Делчев“ излезе збирката „Македонски народноослободителни песни“, уредени од Кочо Рацин, шефицата на македонската држава Силјановска-Давкова вчера, на 2 август ќе го нагласи и следново:  Меѓу тие песни има една, што најдобро ја одразува суштината на денешнава порака. Еве како завршува песната со која се бодреле македонските партизани: „И туѓо царство не ќе постои /  Во наш’та мила татковина / И Република ќе постројиме / И слобода ќе добијеме.“ Да ни е вековита Македонската република, зачната овде во Крушевската република! Да ни е вечна слободата!“

Нека не му се мисли никој, посебно Софија, што сакаше да порача, покрај другото, македонската претседателка! Нејзината порака има значење и дека ниту туѓо, „бугарско царство“ не ќе постои во нашата мила татковина Македонија! Силјановска-Давкова им очита професорско-претседателска лекција и на Европската Унија и на македонските „добри соседи“ дека Република Македонија и македонскиот народ нема да отстапуваат ниту за милиметар од својот државен и национален македонски идентитет, колку и да се бараат нови „храбри отстапки“ на патот на ЕУ.

А тој „пат кон ЕУ“ се покажува дека е, според авторот на овие редови, една огромна измама, придружена со жестоки диктати, ултиматуми, наредби и притисоци, само да дозволи Македонија да стане „втората бугарска држава во Балканот“, согласно и со бугарската национална доктрина дека „Бугарија е единствената држава во светот, која се граничи сама со себе“!  

Вчера Силјановска-Давкова посочи: Старата Европа: уморна од проширувањето, бара од нас „храбри отстапки“ без да има храброст да им се спротивстави на двојните стандарди, толерирајќи  билатерализација на нашата интеграција и блокади поради идентитетски и историски прашања. Уставните акти ја обврзуваат ЕУ да ја почитува европската „богата културна и јазична разновидност“, „националниот и културниот идентитет“, „достоинството и интегритетот“ оти гордо се дефинира себеси како „единство на различности“, но таа замижува и замолчува пред нивното кршење. Чудно е, во името на слободата на мислата и нејзиното изразување, да слушате европски пратенички оспорувања на македонскиот идентитет, 100 години по печатењето на АБЕЦЕДАР-от за децата-Македонци во Атина во 1925, под притисок на Лигата на народите! Неразбирливо е пратеници среде Европскиот парламент да ве квалификуваат како млад народ и млада држава, со модерен јазик и модерен идентитет.

Давкова е сосема во право. ЕУ, нејзините челници и институции, Европскиот парламент, обвинуваат дека „Македонија потпаѓа под влијанијата на ‘Српскиот свет“, но вистината е сосема поинаква: Македонија нема никаква „специјална политичка врска“ со „Српскиот свет“, туку е под жесток удар на ЕУ, на Софија, Атина и одделни водечки европски држави, а во прв ред, Франција, да (о)стане „Неевропски свет“, како најдалечна и најтемна европска периферија, без никакви можности да се влезе во „елитниот европски свет“

На 2 август 1944 година на Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година, кога се удираат темелите на македонската држава, Панко Брашнаров како најстар делегат на Антифашистичко собрание на народното ослободување на Македонија, го одржува историскиот говор, во кој меѓу другото, ќе каже: Во моите спомени се нижат безброј моменти за илинденската народна епопеја за Крушевската Република. Бескрајни беа напорите на вооружениот македонски народ, огромна беше жедта за слобода, борбата го дарува со слободна Крушевска република. Но, разјарениот башибозук и турската регуларна војска се нафрлија и го затрупаа оазисот на слободна Македонија-Крушевската Република, го задушија востанието и го стегнаа искрвавениот народ во ново ропство. Животворниот извор на слободата не секна. Македонија ја поделија, ропствата се сменија, но борбата на македонскиот народ не престана. Денес на вториот славен Илинден, се ставаат темелите на македонската држава… Да е жива нашата мила македонска федерална држава!

Вчера, на 2 август, 81 година по Брашнаров, во својата илинденска реч, без никакво сомневање, исто така, со исклучително значење во поновата македонска историја, претседателката на Република Македонија Гордана Силјановска-Давкова ќе се надоврзе на свој начин на цитираните зборови на Панко, нагласувајќи: Темелните вредности и принципи на вековната македонска борба за самостојна и суверена држава се запишани со крв во во возвишената Magna Carta Libertatum (Големата Повелба на слободата)  ̶  Крушевскиот манифест: слобода или смрт, правда, еднаквост и соживот. Време е за нова пролет на нашата Македонска Република. Ние не сме стебло без корен. Колку и да ни е тешко, не треба да се обесхрабруваме од пречките и препреките. Сме опстоиле и сме надминале и потешки проблеми. Не сме сами. Имаме пријатели – демократи кои го почитуваат нашето право на национален и културен идентитет. Тие не се плашат да укажат и да се спротивстават на двојните стандарди и на анахроните обиди за ревизија на историјата.

 Од денес натаму треба да се очекува овие илинденско-асномски пораки на шефицата на македонската држава да започнат да се вградуваат во натамошната надворешна политика и особено во државната евроинтеграциска политика. Пред нашите очи веќе се раѓа новата „Европа на суверени нации“ и во неа своето место забрзано го заземаат Унгарија, Словачка, Чешка, а по изборот на Карол Навроцки како нов претседател и неговата Полска. Во таа насока се и активностите на Матео Салвини и неговата партија во Италија, на Мари Лепен и нејзината партија Национално собирање на Франција, на партијата Алтернатива за Германија, која станува веќе и водечка партија во Германија.

Доста слушаме папагалски рефрени од типот „Нема алтернатива за ЕУ!“. Има алтернатива, тоа е „Европа на суверените нации“. Затоа македонската дипломатија и Влада ќе треба да ги интензивираат своите контакти и соработка со политичките сили и лидери на новата политичка Европа, од кои ќе може реално да се очекува од нив признавање и почит на македонскиот идентитет и јазик, на македонската независност и сувереност, на правото на македонскиот народ и сите други граѓани на Македонија да имаат непречен политички, економски и културен живот.

 

 

 

Најнови вести од: Македонија Колумни

На Табановце влегле над 133 илјади граѓани, на Богородица излегле скоро 38.000 патници

Според податоците од Министерството за внатрешни работи на граничниот премин „Табановце“, од 1 август до 10 часот утрово вкупно влегле 133,165 луѓе, додека во истиот период излегле 73,640 лица. На граничниот премин „Табановце“ од 1 август 2025 од 10 часот до денеска, до 10 часот влез во државата оствариле 52,399 македонски државјани, а излез оствариле […]

Трагедија на Илинден: Маж почина откако се превртел со трактор

На 02.08.2025 во 09:00 часот во ОВР Кратово било пријавено дека во село Крилатица, кратовско, се превртел трактор што го управувал Д.И.(61) од село Куклица, по што возачот починал на местото на настанот. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила екипа од ОВР Кратово.

Претреси во Кавадарци и Неготино: Пронајдена дрога, лишени од слобода две лица

На 02.08.2025 во 17:20 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода З.И.(24) од Неготино. По издадена судска наредба, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес и ОВР Неготино, извршија претрес во неговиот дом, при што се пронајдени и одземени 2 000 евра, мобилен телефон и зелена растителна […]

Кандидирањето на некои министри за градоначалници, нема да влијае на работата на институциите

На само неколку дена од распишувањето на локалните избори, партиите објавуваат кандидати за градоначалници, а листата се уште не е комплетирана. Овие избори се издвојуваат и поради тоа што двајца актуелни министри, ќе ги напуштат министерските фотелји за градоначалничката трка. Актуелниот вицепремиер и министер за животна средина Меџити е подготвен вицепремиерските и министерски должности да […]

To top