Македонија

Втор новогодишен концерт на Ана и Игор Дурловски – 25 години уметничка кариера

Поради огромен интерес, Ана и Игор Дурловски најавуваат втор новогодишен концерт што ќе се одржи на 16 декември

Поради огромен интерес, Ана и Игор Дурловски најавуваат втор новогодишен концерт што ќе се одржи на 16 декември во Македонската опера и балет.

Познатата оперска двојка на македонската сцена ќе изведе избор љубовни песни од македонската музичка традиција, во нови аранжмани кои за оваа пригода ги направи композиторот Сони Петровски.

Настапот на Дурловски ќе биде со симфонискиот оркестар „Ајга“, под диригентство на Ана Спасовска.

Со двата концерта Ана и Игор Дурловски одбележуваат 25 години уметничка дејност.

Првиот концерт е закажан за 17 декември во Македонската опера и балет.

Најнови вести од: Македонија

Заев и Филипче да кажат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово?

Тој истакна дека 200 милиони евра ќе заработел Дака, благодарение на промената на детално урбанистичкиот план во Тетово кој СДС и ДУИ го носат ден по формирање на владата во 2020 година

To top