Македонија

За 200 денари долг, граѓанин требало да плати 500 евра (ВИДЕО)

Во моментов има околу 2,5 милиони активни предмети кај извршителите, додека за 20 години се решени околу еден милион предмети

Претседателката на Комората на извршители Весна Деловска, во синоќешното гостување на ТВ21 кажа еден пример за какви апсурдни долгови граѓани се испраќаат пред извршител:

„Човекот сите сметки си ги плаќал со задоцнување од некои 10-15 дена, и сега ангажиран е адвокат за секоја сметка поединечно, главниот долг е 37 денари, и покренати се 5 нотарски постапки, и имаме плаќање пет адвокати, и требаше пет предмети да заведам. За секој предмет ќе требаше да плати по 100 евра, значи околу 500 евра, за некои 200 денари кои требало да се наплатат“, рече Деловска. Таа рече дека одбила да го работи предметот.

Како што додаде, тоа е сурово кон граѓаните, а и самите извршители реагираат на ваквите апсурдни ситуации и апелираше со зборовите: „Дали е фер да се води постапка или може да се отпише (таквиот долг).

Сите ние добиваме сметки, но во ниту една не пишува ‘заостанат долг’, а граѓаните за долгот дознаваат дури кога ќе бидат дадени на извршител.

Деловска кажа дека во моментов има околу 2,5 милиони активни предмети кај извршителите, додека за 20 години се решени околу 1 милион предмети.

 

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top