Македонија

За малку ќе се степаа приватните превозници со директорот на „ЈСП Скопје“

Врие вербалната пресметка помеѓу приватните превозници и ЈСП превозниците тврдат дека ЈСП има заостанат долг од 170 милиони денари кон нив од кои 90 милиони веќе се доспеани, директорот Кушовски им рече долгот постепено се намалувал, но чуда не може да направиме.

Приватните превозници се скараа со дриректорот на ЈСП Драги Кушовски. Тие велат дека имаат милионски долг, од ЈСП велат дека тој се намалувал. Приватниците велат дека немаат добиено пари од месец март, и дека долгот веќе надминал над 170 милиони денари.

На прес-конференцијата се појави директорот на ЈСП Кушовски, кој им рече дека лажат и дека долгот не е 90 милиони денари туку 60 милиони денари (над 970.000 евра). По ова, превозниците го нападнаа директорот и го пршаа за кој месец има тој земено плата. Кушовски рече дека зел плата за август, а сега ќе земе за септември. Тоа дополнително ги разлути приватните провозници кои му рекоа дека тие последен пат имаат земено плата за март. Директорот на ЈСП вели дека откако тој бил на функција, долгот се намалувал.

Првитниците се жалат дека повеќе не можат да издржат и дека немаат за нафта. Бараат исплата за да можат да возат. Велат задолжени биле до гуша. Превозниците се заканија ако не добијат пари за сработеното, ќе ги редуцираат автобусите, а можно е и да престанат со работа.

Најнови вести од: Македонија

ФЕРОИНВЕСТ ги отвора своите електрани: Инвеститорите поканети да се уверат како изгледа функционален батериски систем

Со зголемениот интерес за батериски системи кај фотонапонските електрани, сè почесто се појавуваат сериозни проблеми поврзани со нивната имплементација.

МВР на Србија: Двајцата киднапери под закана со нож и пиштол му изнудувале пари на Кајмакоски, успеале да избегаат, а нему му е укажана лекарска помош

Српското Министерство за внатрешни работи соопшти детали за киднапирањето на македонскиот пејач Даниел Кајмаковски во Белград.

To top