Македонија

За нарачките од странство до 22 евра ќе се плаќа ДДВ – на удар пратките од „Тему“

Со цел зајакнување на домашната економија, поддршка на локалните компании и создавање нови работни места, Владата усвои измени и дополнувања на Законот за ДДВ, со кои се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки во вредност до 22 евра. Законските измени веќе се во собраниска процедура, а нивното спроведување се очекува да има позитивни ефекти врз економијата и работењето на домашните компании.

Владата предлага и на малите пратки од странство да се пресметува данок на додадена врдност од 18 отсто, од што за сега се ослободени. Ваквиот предлог е веќе доставен до Собранието како измени и дополнувања на Законот за данокот на додадена вредност со кои се предвидува од оваа обвска да бидат изземени само „мали пратки од некомерцијална вредност“ испратени од физичко лице до физичко лице, во вредност до 22 евра, освен ако станува збор за алкохол, парфеми, тутун и слични производи. Во законските измени не се наведува начинот на кој што ќе се спроведува плаќањето.

  • „Со денот на влегувањето во сила на измените и дополнувањата од Законот за данокот на додадена вредност се брише ослободувањето од данок на додадена вредност за увоз на пратки со мала вредност испорачани од странство за примачи во земјата чија вкупна вредност по пратка не го надминува износот од 22 евра во денарска противвредност. Дополнително, се пропишува ослободување од плаќање на данок на додадена вредност за добра пратени како мали пратки од некомерцијална вредност, испратени од физичко лице на физичко лице, чија вредност не надминува 22 евра“, стои во образложението на предложените измени на Законот за ДДВ. 

Со овие измени ќе се зголемат и давачките и на оние пратки кои надминуваа 22 евра, бидејќи до сега кога вкупната вредност на пратката која се состои од две или повеќе добра го надминува износот од 22 евра во денарска противвредност, ослободувањето се одобрува до тој износ за добрата кои доколку би биле увезени поединечно би биле ослободени.

Според сегашаната практика за пратки до 22 евра не се плаќаат давачки, од 22 до 45 евра се плаќа само ДДВ, а над 45 евра се пресметува и царина и ДДВ.

Во предложените измени се наведуваат и случаи во кои има ослободување од плаќање данок на додадена вредност при увоз на добра, како патници кои доаѓаат од странство, за предмети наменети за нивни лични потреби за време на патувањето во странство (личен багаж), а кои не подлежат на какви било важечки ограничувања или забрани, без оглед на тоа дали ги носат со себе или истите ги дале на превоз на превозник; потоа домашни патници, за други предмети со  мала вредност покрај предметите од личниот багаж, кои ги внесуваат од странство, а кои не се од комерцијална природа. Ослободувањето од оваа точка не се применува за домашни патници кои влегуваат повеќе од еднаш во тековното деноноќие во царинското подрачје. Како домашни патници не се сметаат екипажот и лицата кои управуваат со јавните транспортни средства.

Ослободувањата не се однесуваат на тутун и производи од тутун, алкохол и алкохолни пијалаци, како и на парфеми и тоалетни води и тн.
Со ваквите измени, практично на удар ќе се најдарт евтините пратки преку „Тему“, „Али експрес“ и слични платформи за електронска трговија. 

Како што покажаа најновите податоци од Народната банка за електронската трговија, во првата половина годинава, македонските државјани  напавиле онлајн трансакции кон странство во вредност од 201,2 милиони евра што е за 55,1 отсто повеќе од истиот период минатата година.

Како што се наведува во анализата на овие податоци од страна на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ, посебно се издвојува значителниот пораст кај трансакциите кон странските е-трговци, каде што бројот расте побрзо од вредноста, што говори за почести нарачки, но со помала вредност.

  • „Овој тренд најмногу се поврзува со појавата на Тему, кој за кратко време привлече голем број на купувачи со широка понуда, ниски цени и бесплатна достава дури и за најмали нарачки. Ефектот на Тему кој има илјадници нарачки дневно се отсликува во овие податоци целосно со оглед дека единствениот начин на плаќање кој се нуди на платформата е со платежна картичка“, се наведува во анализата.

Само во јуни годинава македонските купувачи нарачале околу 250 тони стока, при што за околу 150 тони биле платени давачки од околу 41,7 милиони денари, додека за дел од пратките до 22 евра не биле платени никакви давачки.

МФ: Законски измени за ДДВ во насока на поддршка на домашната економија и компаниите

Со цел зајакнување на домашната економија, поддршка на локалните компании и создавање нови работни места, Владата усвои измени и дополнувања на Законот за данок на додадена вредност, со кои се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки во вредност до 22 евра. Законските измени веќе се во собраниска процедура, а нивното спроведување се очекува да има директни позитивни ефекти врз економијата и работењето на домашните компании.

Со оваа мерка, околу 4 милиони денари месечно, колку што во одредени периоди изнесува прометот кон странските онлајн платформи, ќе се пренасочат кон домашното стопанство. Овие средства ќе придонесат за развој на локалните компании, отворање нови работни места и исплата на повисоки плати на вработените.

Ова претставува значаен чекор во заштита и поддршка на домашната економија, особено во услови на зголемена глобализација и дигитална трговија.

Дополнително, измените ќе помогнат во намалување на сивата економија, имајќи предвид дека досегашниот систем овозможуваше злоупотреби – односно увоз на стоки ослободени од данок кои понатаму се продаваат на домашниот пазар.

Со оваа измена, државата испраќа јасен сигнал на поддршка за домашните компании кои создаваат додадена вредност и вработуваат граѓани во земјата.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Кичево има историска можност да избере градоначалник на соживотот, кој не прашува „чиј си“, туку „што можеме да направиме заедно“!

„Ние, како како Влада, ќе го помагаме Кичево максимално, да го подобри животот на сите негови граѓани. И тука нема етничка приказна, туку сосема човечка димензија. Ова не е повик за етничко гласање, туку за гласање за човек, за човек Македонец со сопруга Албанка, кои се пример за вредности и сила, човек кој ќе работи за сите, за своите кичевчани!“ – порача претседателот на Владата на Република Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски од митингот вчеравечер пред платото на Филхармонијата во Скопје.

Здружението на косовската УЧК ќе одржи во декември „мирен протест во Скопје на Албанците“ против судењето во Хаг на нејзините водачи

„Ќе одржиме мирен протест и во Македонија, бидејќи таму ги имаме нашите браќа-Албанци.“ – изјави претседателот на „Организацијата на воени ветерани“ на косовската УЧК Хисни Гуцати, најавувајќи го протестот во македонската метропола против судењето во Хашкиот трибунал на четворицата некогашни водачи на поранешната „Национална ослободителна армија“ – УЧК од Косово.

Мицкоски: Државава е веќе консолидирана по затекнатиот распад и пустошот! По изборите следат жестока работа и големи резултати!

„Го расклопија системот парче по парче, како да бил нивни личен имот. Но ние сега градиме систем, што во иднина ќе функционира без оглед на тоа кој е на власт, долгорочно и со коренити промени, затоа што државата не е ничија приватна фирма, туку наш заеднички дом.“ – рече премиерот на Република Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на завршниот митинг во Скопје пред гласањето за вториот круг на локалните избори в недела.

(Фото): Управниот одбор на „Комуналец“ Скопје, ја разобличи манипулацијата на Данела Арсовска

Би сакале да ве потсетиме и дека во текот на изминатите четири години токму вие именувавте пет в.д. директори на ЈП Комунална хигиена – Скопје и разрешивте четири од нив, стои во документот на УО, насловен како „Итна ургенција“, а кој беше испратен до медиумите.

Ѓорѓиевски до Мециновиќ: Дополнитени часови по локална самоуправа ќе држам по победата на изборите

Евидентно е ниското ниво на политичка култура, но и присутната безидејност и недостигот на планови кај кандидатот Амар Мециновиќ, што значи дека секоја следна дебата не би била натпревар и судир на концепти

Најнови вести

To top