Македонија

За прв пат седница на Уставен суд „во живо“

Уставниот суд претходно соопшти дека со ова започнува историски исчекор кон целосна институционална отвореност

Уставниот суд денеска ќе ја одржи 3. седница на која предвидено е да се дискутира по девет иницијативи за оценување на уставност и законитост.

Седницата, како што е најавено, јавноста првпат ќе може да ја следи во живо, преку официјалната веб-страница и дигиталните канали на Судот.

Уставниот суд претходно соопшти дека со ова започнува историски исчекор кон целосна институционална отвореност, отпочнувајќи ја најголемата реформа во областа на транспарентноста од своето постоење – седниците да се пренесуваат во живо.

Пред уставните судии, на дневен ред се повеќе иницијативи меѓу кои и иницијативата од Уставен суд на РСМ, со која се оспорува член 14 во делот „претседател на уставниот суд на Република Македонија и” и член 15 во делот „судија на уставниот суд на Република Македонија,” од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија.

Најнови вести од: Македонија

To top