Македонија

За смртта на сопругата и ќерката – 12 години затвор за сопругот и татко насилник

Јовановски бешее прогласен за виновен за сите три кривични дела што му се ставаа на товар

 

За загрозување на сигурноста, телесни повреди при семејно насилство и наведување на самоубиство на неговата сопруга Ивана чиј живот оконча на 2 март годинава со пад од балкон заедно со шестгодишната ќерка Катја,  судијата  судијата Ивица Стефановски на на сопругот и татко Стојанче Јовановски му изрече 12 години казна.

Јовановски бешее прогласен за виновен за сите три кривични дела што му се ставаа на товар.

За сите три дела на Јовановски изречена му е максимална казна – за телесна повреда 5 години, за загрозување на сигурноста 3 години и за наведување и помагање во самоубиство 5 години. Согласно Законот за кривична постапка, единствената затворска казна е 12 години.

Обвинителството побара тој да остане во притвор до правосилноста на пресудата и судот го прифати предлогот.

Ова е првпат во Македонија да биде изречена казна за наведување на самоубиство како кривично дело.

Денеска пресуда за Стојанче Јовановски за трагедијата на неговата сопруга и ќерка

Најнови вести од: Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

To top