Македонија

За три дена уапсени 60 возачи, изречени 1.699 казни

11 лица се уапсени за возење под дејство на алкохол, 17 за возење без возачка дозвола, шест поради претходно изречена забрана за управување на возило, еден поради возење во забранет правец

CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 82

За време на изминатиот продолжен викенд (20/21/22.03.2026)  биле изречени 1.699 казни, од кои 476 се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.

Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 60 лица, од кои 11 за возење под дејство на алкохол, 17 за возење без возачка дозвола, шест поради претходно изречена забрана за управување на возило, еден поради возење во забранет правец.

Во истиот период одземени се 20 возила по член 300-б од Кривичниот законик.

Изречени се и 198 казни за неправилно паркирање, 35 санкции за возење под дејство на алкохол, 10 казни за мотоциклисти без шлем, 10 казни за пешаци и 193 казни за непристегнат сигурносен појас.

Дополнително, 29 возила биле отстранети поради нерегистрираност, 12 поради техничка неисправност, а девет возачи биле казнети за прекршување на правилата за затемнување на стаклата (фолии).

Контролите продолжуваат и во наредните денови, а полицијата апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата за побезбедни патишта.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Реконструкција на Владата во мај, или јуни – Нема коалициски договори и преговори со други партии

Премиерот на Владата на Република Христијан Мицкоски изјави дека во мај или јуни, за кога се планира реконструкцијата на Владата, ќе се знае дали и кој министер ќе замине од одредено министерство, или ќе премине во друго министерство.

„Цунами“ од семејни насилства: тетовец секојдневно ѝ се заканувал на сопругата и децата, ја тепал и ја нападнал со нож!

Вчера, на 22 март 2026 година околу 21 часот во Тетово, полициски службеници го лишија од слобода Б.И.(43) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговата 42-годишна сопруга дека ја нападнал физички и со остар предмет. Во претходниот период секојдневно се однесувал агресивно и упатувал закани кон неа и нивните деца.

ВМРО-ДПМНЕ: Со намален ДДВ, граѓаните заштедуваат 1,6 милиони евра неделно за горива

Бидејќи предизвик е цената на мазутот, се размислува веќе на следната седница да се донесе одлука за интервенција со околу 2.000 тони мазут од државните резерви, со цел да се намалат трошоците на ЕСМ и да се спречи евентуално поскапување на електричната енергија

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Башановиќ бил посредник меѓу Заев и Ципрас?

Ова е првпат после долго време ВМРО-ДПМНЕ јавно и директно да ги поврзе Башановиќ и Заев со конкретни обвинувања за посредништво во Преспанскиот договор, енергетски зделки и можни финансиски обврски, што најверојатно ќе ја заостри политичката реторика во периодот пред претстојните избори.

Торонто доби Канадско-македонска стопанска комора – платформа за претприемачи и соработка со Македонија

Во време кога македонската дијаспора сѐ појасно ја чувствува потребата од организирано економско поврзување и заеднички настап, во Торонто беше одржан првиот состанок на Основачкиот одбор на Канадско – Македонската Стопанска Комора, иницијатива која има амбиција да стане централна точка на македонскиот бизнис живот во Канада.

To top