Свет

Техеран се закани дека ќе го минира Персискиот Залив

Соопштението дојде пред наредбата на Трамп американската војска да ги одложи сите воени удари врз иранските електрани и енергетска инфраструктура за период од пет дена.

Иран предупреди дека секој напад врз неговиот јужен брег или острови би довел до минирање на клучните морски патишта во Персискиот Залив, што би можело да ja парализира пловидбата во регионот, објави Ројтерс.

Во соопштението на Советот за одбрана на Иран, кое го пренесоа државните медиуми, се вели дека во таков сценарио, пристапот до морските патишта би бил блокиран со употреба на разни видови морски мини, вклучително и пловечки кои можат да се распоредат директно од брегот.

Според Техеран, ваквите акции би го претвориле целиот Персиски Залив во зона со ниво на ризик споредливо со Ормутскиот теснец – стратешка рута низ која поминува значаен дел од светскиот нафтен сообраќај.

САД и Иран водат конструктивни преговори: Трамп наредил петдневно одложување на ударите врз иранска енергетска инфраструктура

Соопштението доаѓа како одговор на извештаи дека САД разгледуваат опции за блокирање или дури и заземање на островот Харг, главниот терминал за извоз на нафта во Иран, со цел да извршат притисок врз Техеран да го отвори Ормутскиот теснец за сите комерцијални бродови.

Иранските власти потсетуваат дека дури и ограничен број морски мини може да создаде долгорочни проблеми за превозот, повикувајќи се на искуството од 1980-тите, кога меѓународните напори со над 100 миноловци наидоа на сериозни тешкотии во неутрализирањето на ваквите закани.

Техеран, исто така, нагласува дека земјите што не се вклучени во конфликтот можат да поминат низ Ормутскиот теснец само по координација со иранските власти.

Најнови вести од: Свет

Зеленски: „Деновите на безбедност на руското небо се завршени“

Ги предупреди меѓународните авиокомпании и осигурителите компании дека интензивирањето на нападите со украински дронови ќе го направи рускиот воздушен простор сè поопасен и би можело ефикасно да доведе до негово затворање

За три дена Џорџија Мелони ќе стане „најдолговечниот премиер“ во историјата на Италија

Во земја некогаш синоним за политичка нестабилност, првата жена премиер ќе ја води истата италијанска влада 1.413 дена, еден ден подолго отколку што Силвио Берлускони успеа во текот на неговите четири мандати

To top