Македонија

Забавниот парк „Зимзоленд“ под клуч – инспекцијата го затвори по направените вонредни контроли

Клуч за вртелешките во скопско Ново Лисиче. Забавниот парк „Зимзоленд“ е затворен за посетители. Според информациите, во текот на денот објектот бил затворен по интервенција на Министерството за внатрешни работи, во координација со Општина Аеродром. На терен и инспекоти од УЈП.

Забавниот парк „Зимзоленд“ не работи, откако, според неофицијални информации, биле извршени вонредни контроли од страна на Управа за јавни приходи, при што биле утврдени еден куп неправилности во работењето. Иако засега нема официјално соопштение од надлежните институции, извори тврдат дека токму констатираните неправилности се причина поради која објектот вечерва е затворен за посетители.

Колку за потсетување, во изминатиот период во јавноста се отворија повеќе прашања поврзани со функционирањето на „Зимзоленд“, особено околу безбедноста на поставените содржини за посетителите, како и околу тоа дали организаторите располагале со соодветни дозволи за поставување и работа на забавниот парк.

Се очекува во текот на наредните денови надлежните органи да се произнесат официјално за резултатите од контролите и за тоа дали и под кои услови „Зимзоленд“ ќе може повторно да продолжи со работа. Засега се е ставено во мирување.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top