Македонија

Забрана за користење на култната ,,Бисер Балкански” од семејството на авторот на стиховите

Сите што крадат авторски права за една од неформалната химни на македонскиот народ ќе одат на суд

Во јавно обраќање до сите што го користат интелектуалното дело на нејзиниот татко, ќерката на Јован В. Павловски прогласува забрана за преработки и користење на текстот на легендарната песна Бисер Балкански кој е авторско дело на покојниот писател.

Маја Павловска алијас Маја Ангел ги предупредува сите што го користат делото на нејзиниот татко без да добијат дозвола за тоа дека ќе завршат на суд за кршење на авторски права.

,,ЈАВНО ОБРАЌАЊЕ

Во овој пост би сакала да се обратам особено до колегите, изведувачи на македонската музичка сцена.

Имено, веќе некое време, гледам, следам и се чудам, од каде ви е таа дрскост, незаконски да оттуѓувате туѓи авторски песни или без да побарате дозвола од авторите, или носителите на авторските права за истите, да си ги снимате на официјлни носачи на звук, да настапувате на ваши официјални концерти и други слични настани, ги објавувате на youtube, па уште дрскоста да биде уште поголема, си ги снимате со променети аранжмани и најбезобразно ги отфрлате авторите на аранжмани, како да сте ВИЕ, тие што одлучуваат… Како песните да се лично ваши авторски дела…”, порачува Маја Ангел која ја интересира, дали некој од тие што ги земаат туѓите песни , застанале да го прочитаат Законот за авторското право и сродните права?

Ангел прашува дали тие што крадат авторски песни се свесни дека со секоја обработка на песна, доколку не ги испочитуваат авторите, или носителите на авторските права на делото, вршат кривично дело, за кое се одговара според гореспомнатиот Закон.

,,До кога мислите дека ќе ви се толерираат ваквите неколегијални и безобразни испади?

Заради сѐ гореспоменато, на сите вас, кои без дозвола сте направиле преработки на песните:

 

– “Бисер балкански”,

музика: Хилми Билбил

Текст: Јован В. Павловски

Аранжман: Томислав Таневски;

 

– ” Запејте сите ангели”

Музика: Гоце Николовски

Текст: Јован В. Павловски

Аранжман: Горан Алачки;

 

и ги изведувате со друг аранжман од оригиналниот, јас и останатите автори и носители на авторските права, од денес, заради непочитување,

 

ВИ ЗАБРАНУВАМЕ да ги изведувате песните со вашите аранжмани”, порачува ќерката на Јован В. Павловски.

 

Таа бара секаде каде што се објавени јавни настапи, концерти, носачи на звук, на youtube и слично, и покрај тоа што штетата е веќе направена, веднаш имињата на оригиналните автори на песните, да бидат потпишани, (под видео клипот, мп3 итн.)

 

,,Од сега натаму, доколку не бидам лично прашана за дозвола за преработка и изведба на било кое мое, или авторско дело на мојот татко, Јован В. Павловски, автоматски почнувам судски процес против сторителот, кој и да е.

Побарав одговор од ЗАМП како е можно да се случува ова и на кој начин сме ние, како автори и носители на авторски права, заштитени од нивна страна. Сеуште чекам одговор. Се надевам дека ќе го добијам во рок од три дена.

После овој рок, тргнувам кон ставање крај на оваа хаотична ситуација, еднаш засекогаш”, пишува Ангел.

Песната Бисер Балкански која оригинално ја пееше Гоце Николовски важи за една од неформалните химни на македонскиот народ.

Која е друга неофицијална химна на Македонците каде и да се на овој ЛИНК

Најнови вести од: Македонија

Ученици од Крива Паланка освоија високи награди на Државниот натпревар по пијано и хармоника

На 64-тиот Државен натпревар на ученици во основното музичко образование, што се одржа на 6 и 7 април 2026 година во Скопје, учениците од основното општинско училиште „Св.Јоаким Крчовски” постигнаа високи и резултати во двете дисциплини: пијано и хармоника

ТАВ Македонија дванаесетта година по ред донира пакети со храна и хигиенски средства на семејства во социјален ризик од Општина Илинден

Во  пресрет на христијанскиот празник Велигден, компанијата донира пакети со храна и хигиенски средства за 37 семејства од оваа општина, кои живеат во социјален ризик

(Фото): Избрани Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народна банка

Со изборот на новите вицегувернери се обезбедува непрекинатост во спроведувањето стабилна и кредибилна монетарна политика заради одржување на ценовната стабилност и за поддршка на економскиот развој.

To top