Македонија

Заев гради облакодер во Дубаи, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека има и сведок

За висококатницата во Дубаи на Зоран Заев, другар и бизнис партнер на Венко Филипче, веќе има и очевидци

 

Ако до сега постоеја само наводи и информации, сега има луѓе кои на лице место ја видоа нејзината изградба, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Станува збор за човек познаник и поранешен соработник на Заев, Томе Аврамски, кој вели дека лично бил во Дубаи и ја видел неговата голема инвестиција за изградба на зграда од над 40 ката.

Во своето медиумско излагање тој, исто така, вели дека двајцата бизнис ортаци, Филипче и Заев во Дубаи имаат и станови, дури вели и дека бил во зградата каде овие двајца купиле станови.

Во своето сведоштво, Аврамски вели:

„Еве јас сега одам во Дубаи, таму нешто работам и он (се мисли на Заев) е таму. Таму се сите. Тука е и Заев, тука е и бившиот министер, сега лидер на СДС (се мисли на Венко Филипче), и он е тука. Јас баш сум бил во зградата каде што купија станови. Еве сега Заев гради во Дубаи, зграда од 42 ката. Тоа се големи инвестиции, тоа се милиони евра“.

Ова е доказ дека златните визи на Зоран Заев и Венко Филипче се добиени врз база на инвестиции во недвижности и сам по себе скандал од невидени размери, додека СДС тука во Македонија ни продава чесност, морал и лажна грижа за граѓаните и државата.

Кога сме кај СДС и нивната дневна политика, сакаме да им порачаме на нивниот таканаречен антикорупциски тим, дека им го пријавуваме овој случај кој се однесува лично на Зоран Заев и очекуваме да го процесуираат и истражат, велат од владејачката партиа.

„Потоа, во нивен стил, да излезат на прес-конференција за на македонската јавност да им одговорат дали е точно дека додека државата ја остави на колена, опустошена и ограбена, Зоран Заев гради згради во Дубаи и тоа 40-катница и од каде му се парите за тоа?

Дали тоа се пари од криминалните тендери во РЕК Битола и дали во сето тоа е вмешан братот на Зоран Заев, Вице Заев и каква е неговата врска со Енис Колашинац?

Ние очекуваме антикорупцискиот тим на СДС сериозно да се занимава со ова прашање, да ги расчистат сите сомнежи и да ја информираат јавноста“ се вели во соопштението од владејачката партија.

 

Најнови вести од: Македонија

(Фото): За шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат сите инволвирани

Ќе мораме како јавност да имаме разбирање дека можеби е еден од најголемите кривично-правни процеси коишто ќе треба да бидат сработени од страна на Министерството за внатрешни работи заедно во соработка, особено со Финансовата полиција, Управата за финансиско разузнавање, Царина и Јавното обвинителство, рече Тошковски.

Петрушевски: Паника и хистерија во СДС, кој ќе седне на обвинителна клупа по сведочењето на Груби?!

Осврнувајќи се на темата за поранешниот вицепремиер Артан Груби во владата на СДС, пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бране Петрушевски истакна во емисијата „Анализа“ на ТВ 24 дека би требало институциите независно да постапуваат во тој случај. Според него, опозициската СДС стравува од тоа што би изнел Груби пред обвинителството и кој би седнал до него на обвинителната клупа, ако она што тој го изнел иницира поширока одговорност за можни злоупотреби во рамки на поранешната влада.

To top