Македонија

Заев сепак добро го познавал уапсениот осомничен пироман од Струмица

Заедно носеле прислушувани разговори во СЈО

Иако тврди дека немал близок контакт со него екс премиерот Зоран Заев сепак добро го познавал уапсениот осомничен  пироман од Струмица

 

Пратеникот Миле Лефков ја објави информацијата дека уапсено е лицето А.Н за кое се тврди дека бил телохранител на поранешниот премиер Зоран Заев. Причината е основано сомнение дека намерно подметнал пожар во атарот на брана Водоча, кај Струмица.

 

 

Според медиумите станува збор за Александар Николов кој своевремено бил телохранител на Зоран Заев и важел за еден од неговите најблиски соработници.

 

МВР потврди дека синоќа е лицето А.Н. е лишен од слобода.

 

Се огласи и Заев за „Фокус“ во изјава во која вели дека речиси и не го познавал осомничениот пироман.

 

„Александар Николов е вработен во општина Струмица. Јас бев градоначалник на Струмица до 2016 година и во периодот од 12 години колку што бев градоначалник, шофер на градоначалникот (т.е. мој шофер) беше Ристо Ѓузелов до неговото пензионирање, а после тоа беше Кире Ангелов.

 

Александар Николов во тоа време, колку што се сеќавам, работеше на портирницата во општината и беше возач на општинско возило за потребите на општинските инспекции и останати општински служби за теренските активности. По завршувањето на мојот градоначалнички мандат го немам воопшто видено Александар Николов“, истакна Заев во изјава за „Фокус“.

 

Експремиерот Заев повторно е фатен во контроверзна ситуација затоа што вели дека едвај го познавал подметнувачот на пожари, но сепак со него носел прислушкувани разговори во СЈО. Фотографиите говорат различно од Заев затоа што нема логика во партиската мисија во поранешното Специјално јавно обвинителство да одел со човек со кој не е близок

Фотографиите што ги објавува Лидер покажуваат дека Заев сепак имал блиски контакти со уапсениот пироманот кој сега чека судска постапка.

 

Повеќе на Лидер

 

Екс премиерот и лидер на СДСМ преходно  негираше дека е во контакт со пироманот

Заев демантира дека негов шофер палел трева кај манастирот Водоча

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

Најнови вести

To top