Македонија

Запленето злато вредно 1,3 милиони денари на ГП “Богородица“

Златниот накит е откриен кај две патнички кои со автобус доаѓале од Турција

Царински службеници при контрола на автобус на влез во државата на граничниот премин Богородица заплениле златен накит вреден 1,3 милиони денари.

Во случајот се осомничени две патнички кои патувале на релација Турција – Македонија, а против нив ќе бидат поднесени кривични пријави за криумчарење.

При контрола на багажот и личен претрес, кај патничките било пронајдено злато од 22 и 14 карати, во вкупна тежина од 304 грама како и сертификати за гаранција на златото. За овој накит, требало да бидат платени 481 илјада денари давачки кон државата.

Двете лица се македонски државјанки со живеалиште во Холандија.

Случајот е предаден на Одделението за истраги, кое по спроведување на предистражни дејствија ќе поднесе кривични пријави до надлежното Јавно обвинителство, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело криумчарење, казниво по Кривичниот законик.

.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): За шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат сите инволвирани

Ќе мораме како јавност да имаме разбирање дека можеби е еден од најголемите кривично-правни процеси коишто ќе треба да бидат сработени од страна на Министерството за внатрешни работи заедно во соработка, особено со Финансовата полиција, Управата за финансиско разузнавање, Царина и Јавното обвинителство, рече Тошковски.

To top