Македонија

Засилува поддршката за домашното земјоделско производство

Македонија со мали но цврсти чекори се движи кон патеката на држава која беше препознатлива по производството и звозот на земјоделски производи. Во овој правец оди и податокот од Државниот завод за статистика дека во вториот квартал од годнинава производството на земјоделски производи е зголемено за 60 милиони евра. Премиерот Мицкоски, задоволен од податоците, информираше […]

Македонија со мали но цврсти чекори се движи кон патеката на држава која беше препознатлива по производството и звозот на земјоделски производи. Во овој правец оди и податокот од Државниот завод за статистика дека во вториот квартал од годнинава производството на земјоделски производи е зголемено за 60 милиони евра. Премиерот Мицкоски, задоволен од податоците, информираше дека параелно со зголеменото произвоство, расте и откупот.

“Во вториот квартал имаме околу 60 милиони евра повеќе споредено со она што беше во минатото. Имаме над 26-27% повеќе откупени земјоделски производи споредено со истиот период минатата година кои што како количина се за 7% повеќе споредено со истиот период лани.” – изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Земјоделците остануваат  еден од приоритетите на македонската  влада. Премиерот вели дека поддршката за нив од почетокот на мандатот на владата – ќе продолжи, затоа што производството на храна е  исклучително важно.

“Земјоделците се еден од приоритетите на оваа Влада, тоа го покажавме изминативе 14 месеци. И очекувам во таа насока да продолжиме и во иднина затоа што производството на храна ни е исклучително важно. Колку повеќе произведуваме, толку помалку увезуваме. Македонија во минатото беше позната како земја производител и извозник на храна, посебно на земјоделски производи. Така и ќе продолжиме во иднина.”- изјави премиерот.

Зголемениот раст на откупот на земјоделски производи доведува и до раст на добивката на земјоделците. Истовремено надлежните не застануваа тука, туку прават се за промоција на домошното производство. Во тек е кампањата    „Македонско најдобро“, со која ќе се разликуваат  домашните од увозните производи. Домашните јаболка, домати и компири , ќе добијат своја „лична карта“ на полиците во маркетите. Во Министерот за земјоделство се оптимисти дека со обележувањето на македонското овошје, зеленчук, јајца и конзервирани прехранбени производи во маркетите ќе се стабилизираат цените и ќе се зголеми производството на храна.

Најнови вести од: Македонија

Луна паркот готов за една година – убава вест за најмладите, но и за повозрасните

Во врска со тоа дали смета дека проширувањето на улици е најдобар пристап во град кој веќе се соочува со сериозно загадување и прекумерна доминација на автомобили во јавниот простор, оцени дека за овој проблем има паралелен пристап, од една страна ги решаваат тесните грла во градот, од друга се обрнува внимание и на еколошкиот транспорт.

Интервју: Динамични и продуктивни 100 дена, низа капитални проекти за 50. јубилеј на Општина Гази Баба

Освен настаните, предвидени се и одликувања и признанија за поединци, организации и институции кои со својата посветеност и работа оставиле траен белег во развојот на Гази Баба. Овие признанија не се само симболични, туку се потсетник за тоа дека заедничката работа и посветеноста кон граѓаните се вредности кои ја градат нашата општина.

To top