Македонија

Завршува обврската за зимска опрема во возилата

Од утре возилата на територијата на Македонија нема да бидат обврзани да имаат зимски гуми или летни плус синџири за снег

Четиримесечната обврска за поседување зимска опрема во возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата, која почна на 15 ноември, завршува денеска, според одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Задолжителните зимски гуми со ознаките  „MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва или летни гуми плус синџири за снег од утре нема да бидат задолжителни во возилата на територијата на Македонија.

Казната за непоседување зимска опрема од 15 ноември до 15 март е 45 евра во денарска противвредност.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Денеска е Цветници – Влегување на Исус Христос во Ерусалим

Православните христијани денеска го слават празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица. Овој празник ја одбележува последната недела пред почетокот на Исусовите страдања, смртта и Воскресението

Најнови вести

To top