Македонија

„Зборникот на браќата Миладиновци“ – 165 години чувар на македонскиот јазик и културен идентитет

Еден од најзначајните чувари на македонскиот културен и јазичен идентитет, делото „Зборник на браќата Миладиновци“

Еден од најзначајните чувари на македонскиот културен и јазичен идентитет, делото „Зборник на браќата Миладиновци“, одбележува 165 години од објавувањето. Ова дело, кое претставува богатство од песни и традиции, е еден од основните и најважни темели на македонското народно творештво.

„Браќата Миладиновци се основните столбови на кои се потпираат културното наследство и македонскиот јазик. Тие го собирале творештвото од многу човечки приказни и мудроста, историјата на еден народ, во време кога националниот идентитет се пренесувал преку зборот.“

Во времиња кога често се отвораат дебати за македонскиот јазик и идентитет, ваквите дела имаат уште поголемо значење бидејќи претставуваат сведоштво за националниот тестамент на еден народ, кое не смееме да дозволиме да избледи ниту од неговата, ниту од сечија меморија.

„Зборникот е капитално и епохално дело за нас, Македонците, и ние треба да бидеме горди што имаме таква книга пред нас и што нашите предци, браќата Константин и Димитар Миладинов, ја оставиле како наследство.“

Јубилејот од објавувањето на Зборникот беше одбележан со културно-уметничка програма во Градската библиотека која го носи името на овие преродбеници.

Најнови вести од: Македонија

„РОЗОВ ОКТОМВРИ“ ВО ОПШТИНА КАРПОШ – ЗАЕДНО ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА ЗА РАКОТ НА ДОЈКАТА

Денес, во Општина Карпош, се одржа едукативен настан посветен на кампањата „Розов октомври“, чија цел е подигнување на свеста за ракот на дојката, важноста на навременото откривање и грижата за сопственото здравје

Николоски: Новиот мобилен оператор ќе ја користи мрежата „Старлинк“ на Илон Маск

На прашањето дали телекомуникациската компанија „4iG“ гради сопствена 5G мрежа, Николоски за „360 степени“ вицепремиерот рече дека веќе најавиле стратешка соработка и дека Македонија ќе биде меѓу првите земји во кои директно ќе се имплементира оваа технологија

To top