Македонија

Жестока пресметка меѓу СДСМ и Бранко Героски

Новинарскиот уредник возврати со остри зборови кон Филипче

СДСМ остро го нападна новинарот и уредник Бранко Героски, обвинувајќи го дека работи на промоција на платформата на ВМРО-ДПМНЕ и дека е дел од „мрежа на стари УДБА-новинари“.

Во соопштение до јавноста, СДСМ реагира на колумните на Героски во кои тој зборува за можни промени во опозицискиот блок и за новоформираната иницијатива. Партијата го обвинува дека „бара ново дете за СДСМ“ и дека заедно со „истите оние кои ги бранеше и порано, отворено ја промовира платформата за иднината на Мицкоски“.

СДСМ отиде подалеку, инсинуирајќи дека Героски е дел од „мрежа на служби“, спомнувајќи дека во минатото го угостил во својот стан началникот на БИА, Живаљевиќ, кого го поврзуваат со настаните од 27 април. Партијата го става Героски во групата „стари УДБА-новинари“ заедно со Латас и Ивона, обвинувајќи ги дека го блокираат отворањето на досиејата на тајните служби.

На крајот од соопштението, СДСМ упатува остра порака дека „за нив во слободна, демократска и европска Македонија, навистина нема иднина“.

Реакција на Бранко Героски

Героски во својата реакција изјави дека ова не му е првпат да биде цел на напади од СДСМ и Венко Филипче, со исти навреди и клевети како и пред шест месеци.

„Глупавото соопштение на Бихаќка, кое очигледно го пишал истиот Србин што им ги пишува и другите, не вреди многу да се коментира“, рече Героски и додаде дека раководството на СДСМ ја води партијата кон целосно распаѓање.

Тој оцени дека партијата е вознемирена од критичките гласови, вклучително и од Иницијативата 12.05. и колумните на Петар Арсовски, и дека „знаат дека деновите на Бихаќка им се избројани“.

Героски најави дека повторно ги „чека“ Филипче и авторот на соопштението на својот новинарски „нишан“.

Најнови вести од: Македонија

Блокирани 104 веб-страници за незаконско коцкање преку интернет

Министерството за дигитална трансформација информира дека министерот Стефан Андоновски издал налог до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.

Несовесни поединци го претвораат Охридското езеро во депонија на автомобилски гуми, пластични шишиња, текстил, кои се вадени во акција на нуркачи!

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ го пребаруваа езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб и извлекуваа фрлени пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и различен цврст отпад отпад. Проектот е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

To top