Македонија

„Журнал“: Наместо „партија на албанскиот орел“ ДУИ стана „Шарена револуција“ и се движи кон распад?!

Информативната агенција констатира дека се доведени во прашање идентитетот и опстанокот на ДУИ како партија.

„Кога една политичка партија го губи својот симбол, всушност губи дел од својот идентитет. Ова е стратегиската грешка, што ја направи ДУИ со повторното користење на ‘патриотските карти’ и со преминувањето на новото лого со името ‘Национален сојуз за интеграција’. Ова е чекор, што ја расплинува нејзината историска позиција и ѝ сигнализира на јавноста дека партијата е во длабока криза на идентитетот.“ нагласува информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својата редакциска анализа со наслов „Дали ДУИ се претвори во ‘Шарена револуција’?“

ДУИ ја изгуби својата ориентација во просторот

Натаму агенцијата пишува: ДУИ е основана како партија, што произлезе од војната со тврдењето дека ги претставува жртвата и идеалот на албанската нација во С.Македонија. Губењето на таа симболика е молчаливо прифаќање дека поранешното наследство повеќе не е доволно за да се добие доверба. Во првите години по судирот во 2001 година, ДУИ на Али Ахмети политички преживеа, потпирајќи се на приказната за војната. На секои избори од ДУИ велеа: „Ние се боревме, затоа заслужуваме да владееме.“

Но, со текот на годините, оваа порака се потроши, бидејќи сега се гласачи генерациите, што не ја доживеале војната. Новата генерација не ја гледа војната како извор на легитимитет, туку како изговор за корупција, клиентелизам и застој. Во оваа точка ДУИ побара „ремоделирање“, но наместо да изгради нова визија, заврши со враќање кон „патриотските карти“ во една „помека“ верзија. Новото лого е само највидливиот знак дека ова движење оди кон распаѓање.

Спојувањето со други партии, без разлика дали се оние на Зијадин Села, Арбен Таравари, или други политички актери, е чекор што во теорија звучи како обединување на Албанците, но во пракса повеќе личи на страв од губење. Наместо да покаже сила, овој „сојуз“ сугерира слабост. ДУИ повеќе не е сигурна дека може да победи на локалните избори, или да го задржи своето водство во рамките на албанскиот табор без вештачки сојузи. Големото прашање е: дали овој „национално обединување“ им служи на интересите на Албанците или е само маневар за преживување на старата политичка елита?

Најголемата опасност е тоа што во овој процес ДУИ се разложува, се раствора во „нова партија“ без јасен идентитет. Со влегувањето во коалиција, која повеќе личи на „куќа за политичко преживување“, отколку на нов визионерски проект, ДУИ се изложува на опасност да се раствори и да го изгуби својот профил. Прашањето е: дали Али Ахмети размислува да остави стабилно наследство, или само да ја задржи контролата врз структурата на моќ дури и во последната фаза од својата политичка кариера?

Од „албански орел“ до „Шарена револуција“

Кога некој ќе праша дали ДУИ се претворила во „Шарена револуција“, одговорот е ироничен. Она што некогаш беше симбол на национална жртва, денес се претвори во ново лого кое не предизвикува чувства, туку бркотница, конфузија. Од партија која се идентификуваше само со албанското знаме, ДУИ сега се појавува во нејасна форма, во повеќебојна форма, која има за цел да им се допадне на сите, но во суштина не претставува никого.

Идентитетот на ДУИ е доведен во прашање. Новото лого не е само естетска грешка, туку симбол на длабока политичка криза. „Националното единство“ со другите партии е повеќе маневар за ширење страв, за да се избегне губење на власта, отколку сериозен проект за иднината. И ако овој пат продолжи, вистинската опасност е ДУИ повеќе да не остане ниту ДУИ, ниту „патриотска партија“, туку да стане само неуспешен проект.  – заклучува „Журнал“ во својата редакциска анализа.

Најнови вести од: Македонија

Министри заедно со градоначалници ќе го убедуваат УНЕСКО за зачувување на статусот на Охридскиото езеро

На средбите ќе бидат потенцирани цврстите заложби на Владата за зачувување на статусот на природното и културното наследство на Охридскиот Регион. Исто така, ќе биде истакнато дека државата воспоставува систем за заштита кој гарантира зачувување на интегритетот и автентичноста на Охридскиот Регион како исклучителна универзална вредност.

Протест нека има, но да не се попрачува работа на пратениците, порача спикерот Гаши

Пратениците утре сами да се снајдат како ќе дојдат на работа откако ССМ најави блокада пред законодавниот дом каде ќе ги испратат барањата за раст на платите. Собранискиот спикер Африм Гаши на брифинг со новинарите посочи дека правото на протест е загарантирано, но и дека народните избраници мораат да си ја работат својата работа, исто како и МВР кое е задолжено за безбедноста на сите.

Пратениците ќе треба пешки да дојдат на работа в Собрание – сите влезови ќе се блокирани

Преку блокада на Собранието утре работниците со уште една порака до пратениците – да го одблокираат законот за минимална плата кој стои заглавен повеќе до една година, а македонските семејства се повеќе тонат во сиромашттија.

To top