Македонија

ЗНАМ иницира намалување на бројот на пратениците од 120 на 90

Партијата што е дел од владејачката коалиција се залага и за една изборна единица, со долен праг од 2-3 пратеници

Движењето ЗНАМ на денешната конститутивна седница на работната група за реформи на изборното законодавство се заложи за кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 члена.

„Го афирмирам, односно го реафирмирам ставот на ЗНАМ за намалување на бројот на пратеници на 90, со што ќе се придонесе за рационализација на трошоците – материјални, финансиски и човечки, што ќе претставува значителна придобивка за државниот буџет. Истовремено, ќе се добие пофункционално, поефикасно и поконсолидирано законодавно тело, кое ќе биде во служба на побрза, поквалитетен и посериозен законодавен процес“, образложи потпретседателката на партијата Весна Бендевска.

Друга заложба на партијата на Максим Димитриевски е воведувањето една изборна единица, со долен праг од 2-3 проценти, заради поправична застапеност на помалите партии и на независните пратенички листи.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Иднината на глобалниот развој на светот ќе ја дефинираат вештачката интелигенција и енергијата

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето пред млади лидери и претставници на Европските демократски студенти истакна дека иднината на глобалниот развој ќе биде дефинирана од вештачката интелигенција и од енергетскиот сектор.

Мицкоски: Нема предвремени парламентарни избори оваа година, целта е редовни избори (ВИДЕО)

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата нема намера да распишува предвремени парламентарни избори во текот на оваа година и дека останува посветена на редовниот изборен циклус во 2028 година.

To top