Македонија

ЗНАМ: Не дозволувајте СДСМ да ве вовлече во сценарија против интересот на државата

Мемов постави низа прашања до СДСМ и упати повик до членовите и симпатизерите на партијата да не дозволат да бидат вовлечени во сценарија што водат кон изолација, слабеење на институциите и оттргнување на државата од европскиот пат.

Портпаролот на Движење ЗНАМ, Никола Мемов, остро ја критикуваше опозициската СДСМ и нејзиниот лидер Венко Филипче, обвинувајќи ги за неодговорен и деструктивен однос во контекст на измените на Законот за Влада.

На прес-конференција, Мемов истакна дека со предложените измени јасно е предвидено техничката влада да важи само за следните парламентарни избори, по што овој модел ќе биде укинат, бидејќи одамна ја исполнил својата примарна цел и не постои како стандард во современите европски демократии.

„Сите тврдења дека техничката влада се укинува веднаш, како и дека ова решение е донесено без консултации со политичките партии, се обична лага и претставуваат обид за манипулација со јавноста“, рече Мемов.

Тој оцени дека наместо конструктивност и политичка зрелост, СДСМ прибегнува кон блокади, калкулации и партиски игри на штета на граѓаните. Мемов посочи дека последниот потег – заканата за повлекување од работната група за новиот Изборен законик – е само кулминација на таквиот пристап.

Мемов постави низа прашања до СДСМ и упати повик до членовите и симпатизерите на партијата да не дозволат да бидат вовлечени во сценарија што водат кон изолација, слабеење на институциите и оттргнување на државата од европскиот пат.

Најнови вести од: Македонија

Јотова „не“ била информирана за доаѓањето на Ива Михаилова во Бугарија, изрази подготвеност да се сретне со неа

На прашањето дали знае како Михаилова ја напуштила Македонија и каква реакција очекува од властите во Скопје, Јотова одговори дека сè уште има прашања што треба да се разјаснат

To top