Дури 8 министри за правда дале повеќе партии од албанската етничка заедница во последниве 27 години во македонската влада.
Сега дел од нив и нивни сопартијци прашуваат зошто албанските студенти не можат да полагаат правосуден испит на својот мајчин јазик.
Но вистинското прашање е зошто осумте Албанци министри за правда досега не направиле правосудниот испит да се полага на албански јазик додека биле на мандат како министри.
Можеби затоа што знаеле дека тоа е спротивно на уставот и на Рамковниот договор кој сега е дел од македонскиот Устав.
Со исклучок на Џевдет Насуфи кој бил министер од 1999 до 2001 кога се уште не беше потпишан Охридскиот договор другите 7 министри Албанци можеле да го постават ова прашање и ако не поминело од етички причини да си дадат оставка.
Ниту еден од нив не заминал од функцијата во знак на протест за правосудниот испит.
Кои се седумте министри Албанци кои можеле да се изборат за правосуден испит на албански јазик во својот мандат:
Иџет Мемети 2001-2002
Исмаил Дарлишта 2004 г
Блерим Беџети 2011-2014
Аднан Јашари 2014-2016
Валдет Џафери 2016-2017
Билен Салиу 2017-2018
Кренар Лога 2023-2024
Досега никој од нив освен политички напади на лична основа не даде контрааргументи на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова која за ТВ21 објасни зошто ова барање е спротивно на уставот и на Охридскиот договор.
Претседателката објасни зошто не треба да се полага правосудниот испит само на албански јазик
Сиљановска Давкова: Да не останеме „изгубени во преводот“ (ВИДЕО)