Албанија се подготвува наредната седмица да го прогласи Иран за држава што спонзорита тероризам.
Премиерот Еди Рама најави дека „следната недела Парламентот ќе биде повикан да гласа за резолуцијата со која ќе се прогласи Хомеинистичката Република Иран за државен спонзор на тероризмот“.
„Заедно со тоа, Иранската револуционерна гарда и Хезболах ќе бидат прогласени за терористички организации. Секако, ние не сме пионери во овие чекори, бидејќи има сојузници што го направиле тоа и претходно, но време е и ние да го направиме тоа“, додаде тој.
Најавениот потег е одговор од Тирана за нападот на ирански хакери врз Парламентот и за заканите од Техеран, кој ја обвинува Албанија за прифаќање на околу 2.000 членови на опозициската група Народна муџахединска организација (МЕК).
Кибернападите од Иран во 2022 година резултираа со прекин на дипломатските односи и со протерување на иранските дипломати од Тирана.