Регион

Албанската мафија ги сопна Кушнер, кој е зет на Трамп, и неговиот мега-проект

Кога жителите на малото албанско село Звернец го предупредиле Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, да не го купува нивниот мал остров, бидејќи станува збор за одземена дедовина, тој не ги послушал.

Наместо да го запре проектот, Кушнер продолжил по свое и му исплатил 120 милиони долари на Артур Шеху, човекот кого жителите го обвинуваат за кражба на земјиштето. Сопругот на ќерката на Трамп, Иванка, мислел дека со тоа приказната ќе биде завршена. Дури и неговиот правен тим го уверувал дека не би требало да има никакви проблеми.

Но, само два месеца по заклучувањето на договорот за купопродажба, албанското обвинителство побарало апсење на Шеху, бидејќи тврдат дека имаат докази оти тој наводно играл клучна улога во шверцот на наркотици од Јужна Америка во Европа. Осомничен е и за перење пари од дрога и за фалсификување документи за сопственост. Албанските обвинители потоа ги замрзнале банкарските сметки и парите, поврзани со луксузниот туристички проект, зад кој стои Кушнер.

Неговата голема инвестиција во Албанија со тоа била ставена на мраз. Шеху со години им е познат на медиумите и на обвинителството. „Јутарњи лист“ го пренесува пишувањето на албанскиот портал „Балканвеб“, кој го опишува Шеху ‒ човекот што му ги нарушил плановите на Кушнер ‒ како 60-годишен албански бизнисмен, кој со години им е познат на медиумите и на обвинителството.

Полицијата го бара уште од средината на 90-тите години од минатиот век, кога првпат дошол под нејзина лупа, поради сомнение дека во соработка со италијанската мафија шверцувал марихуана и префрлал мигранти во Италија. Меѓутоа, од Шеху тогаш немало ни трага ни глас, бидејќи им побегнал на властите пред да успеат да го уапсат, . Следниот пат бил виден дури во 2001 година во Мајами.

Во САД побарал азил, тврдејќи дека бега од комунистички банди, кои му ги убиле вујкото и братот, Подоцна се стекнал и со американско државјанство. Така, веќе три децении успешно избегнува да биде уапсен од албанските власти. И покрај големите протести против проектот на Кушнер, неговата деловна групација и понатаму се обидува да ја турка инвестицијата.

„Волстрит журнал“ пишува дека групата моментно работи на документот за проценка на влијанието врз животната средина, што е предуслов за добивање владини одобренија пред почетокот на градбата. Иако против проектот се кренале десетици илјади демонстранти, одделни официјални лица од Европската Унија, па дури и познати личности како пејачката Дуа Липа, проектот и понатаму има силна поддршка од албанскиот премиер Еди Рама.

Најнови вести од: Регион

Шефовите на ЕУ со осуда за Србија за погребот на воениот злосторник Младиќ на кој присуствуваа и државници

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, денеска остро реагираа на присуството на високи српски функционери и елементите на официјална поддршка на погребот на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ во Белград.

Популарната емисија повеќе нема да се емитува на Телевизија – новите газди не го продолжија договорот

Новата сезона на култната српска сатирична емисија „24 минути со Зоран Кесиќ“ ќе започне на 19 септември на јутјуб каналот на емисијата, соопшти авторот и новинар Зоран Кесиќ. Досега емисијата се еитуваше на телевизијата „Нова С“, но менаџментот соопшти дека таа е симната поради тоа што е прескапа и поради неуспешниот договор меѓу екипата на емисијата и претставниците на „Адриа њуз нетворк“ (АНН) – компанијата што ја поседува „Нова С“ и која неодамна доби ново раководство откако беше преземена од португалскиот инвестициски фонд „Алпак капитал“.

To top