Регион

Блокада на границите со 300.000 камиони ако до 16 јуни не им се овозможи да работат непречено

Возачите од Балканот не сакаат да бидат третирани како туристи или азиланти, па да им се дозволува престој од 30 дена во период од 180 дена. Тие бараат нивниот престој во ЕУ да не се смета од моментот на преминување на границата, поради што многумина биле уапсени им се забранил влез, туку според тахографот во […]

Возачите од Балканот не сакаат да бидат третирани како туристи или азиланти, па да им се дозволува престој од 30 дена во период од 180 дена. Тие бараат нивниот престој во ЕУ да не се смета од моментот на преминување на границата, поради што многумина биле уапсени им се забранил влез, туку според тахографот во возилото кој прецизно кажува колку време возеле.

Транспортерите од регионот за 16 јуни најавуваат дека со најмалку 300.000 камиони координирано ќе ги затворат балканските граници со Европската унија, пренесе Вечер. Лидерите на водечките транспортни здруженија на шест земји од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија, на состанок во Бјелина, Босна и Херцеговина, усвоија едногласна одлука доколку до 16 јуни не добијат одговор од ЕУ дека им се овозможуваат нормални услови за работа, ќе г блокираат сите главни патишта за снабдување меѓу земјите на Унијата и Балканот.

Како што потврди конзорциумот „Логистика на БиХ“, кој беше домаќин, состанокот на регионалните претставници одржан во Бјелина резултирал со усвојување на барања за почитување на правата на професионалните возачи и доследна примена на меѓународното право, првенствено на Договорот АЕТР.

  • Земјите од Западен Балкан се полноправни членки на договорот АЕТР, кој е правно над билатералните договори за стабилизација и асоцијација, како и над Шенгенските правила за престој, наведува Конзорциумот.

АЕТР прецизно ги дефинира работното време, празниците, процедурите за товарење и истовар и употребата на дигиталниот тахограф како официјален инструмент за контрола на активностите на возачот. Протестот, предупредуваат транспортерите, доаѓа како одговор на сè почестото санкционирање на возачите од страна на европските гранични и инспекциски служби, иако, како што тврдат, тие работат целосно во согласност со меѓународните прописи. Транспортерите конкретно бараат да бидат ослободени од правилото според кое можат да останат во ЕУ до три месеци во период од 180 дена.

  • Возачите од земјите од Западен Балкан не се туристи, баратели на азил или мигранти. Тие се работници со договори, лиценци, дозволи и тахографски картички, кои одржуваат клучни синџири на снабдување. АЕТР им гарантира легитимен работен статус во ЕУ, без оглед на режимот на престој во Шенген, соопшти „Логистика БиХ“.

Возачите бараат периодот на нивниот престој на територијата на ЕУ да се пресметува врз основа на податоците од тахографите во возилата, кои прецизно евидентираат колку време поминале возејќи или биле на своите работни места, а не врз основа на моментот во кој ја преминале границата при влегување или излегување од ЕУ, поради што некои од возачите на камиони се уапсени и им е забранет влез во Унијата.

Транспортерите ќе чекаат до 16 јуни од ЕУ да добијат известување дека возачите од регионот имаат право да работат во согласност со АЕТР и дека им е овозможено непречено да ја извршуваат својата работа. На состанокот во Биелина е кажано дека доколку до тој датум не стигне официјална потврда за прифаќање на ова толкување, блокадите ќе почнат истовремено низ целиот Балкан.

  • Ова е борба за достоинството на професијата што е ‘рбетот на секој економски систем. Ако возилата запрат, запира и снабдувањето, предупредуваат организаторите на најавениот протест.

Најнови вести од: Регион

Косовскиот парламент конституиран, Србин за потпретседател

Косовскиот парламент денеска беше конституиран, осум месеци по парламентарните избори, со изборот на косовскиот Србин Ненад Рашиќ, лидер на Граѓанската иницијатива „За слобода, правда и опстанок“, за потпретседател на Собранието, јави весникот Коха диторе.

Пирати низ Дунав ќе го спасуваат Вучиќ од нафтената криза

Санкциите на САД против нафтената индустрија на Србија (NIS), еден од економските столбови на земјата, стапија на сила на 9 октомври. Тие се насочени кон рускиот мнозински удел во компанијата, наследен од приватизацијата во 2008 година, која му овозможи на гигантот Газпром Нефт да ја преземе контролата врз групацијата.

Од сега сите политички реклами мора да откријат кој ги платил

Правилата, исто така, бараат информации за тоа дали рекламата е насочена кон одредена публика, и имаат за цел да се спречи странско мешање во европските избори. Комисијата соопшти дека регулативата ја штити и слободата на изразување и правото на јавноста на информирање, помагајќи им на граѓаните да разликуваат платена политичка содржина од уреднички материјал или лични политички мислења, и на тој начин го зајакнува интегритетот на изборите.

Економски шок за Србија: Санкциите врз НИС стапуваат во сила

По осум одложувања, од денеска наутро стапуваат во сила американските санкции против Нафтената индустрија на Србија (НИС), компанија во мнозинска сопственост на руски Газпромнефт, што ја прави една од столбите на српската економија

Загадување под данок: Србија во борба против аерозагадувањето

Од следната година, српските производители на цемент, железо, челик, алуминиум, минерални ѓубрива и електрична енергија – фирми кои се сметаат за главни виновници за аерозагадувањето поради нивните операции – ќе мораат да уплатуваат специјален надоместок кон буџетот на државата

To top