Регион

Бомба фрлена врз домот на Здравко Чолиќ во Белград

Во моментот кога била фрлена бомбата, Здравко, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата

 

Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.

Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек.

Деталите засега не се познати, но според извештаите никој не е повреден во експлозијата, но е причинета голема материјална штета, пишува Telegraf.rs.

Полицијата веднаш ги блокираше приодите кон куќата на улицата Стојана Ќелица број 7 по приемот на пријавата. Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензичките експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот.

Во моментот кога беше фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара беа во вилата.

Според извор за Телеграф, тие спиеле во моментот на експлозијата, а звукот ги разбудил.

Најнови вести од: Регион

Русија регрутира граѓани од Молдавија, Бугарија и Србија за хибридни напади во Европа

Според западни разузнавачки извори, регрутерите и пропагандистите кои претходно работеле за рускиот ПМЦ „Вагнер“ станале главна алатка на Кремљ за организирање саботажни операции во европските држави.

To top