Регион

Бугарија ќе обезбеди воздушен коридор за Путин за средбата со Трамп

Рускиот претседател е под санкции наметнати од ЕУ, кои му забрануваат влез на територијата на Унијата

 

Бугарија ќе обезбеди воздушен коридор за рускиот претседател Владимир Путин, доколку биде побарано,  објави шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев, пренесуваат медиуми

Тој истакна дека кога се прават напори за постигнување мир, и ако условот за ова е да се одржи средба, најлогично е таквата средба да биде помогната со сите можни средства.

Георгиев објасни дека ако еден од учесниците на средбата не може да дојде, Бугарија ќе соработува со обезбедување воздушен коридор.

Рускиот претседател е под санкции наметнати од ЕУ, кои му забрануваат влез на територијата на Унијата. Санкциите исто така им забрануваат на руските владини авиони да ги користат воздушните коридори на земјите од ЕУ.

Затоа, за да стигне до потенцијалната средба во Унгарија, Путин мора да заобиколи голем број региони, што значи речиси невозможна рута за патување.

Затоа Бугарија има важна улога – дали ќе му дозволи на рускиот претседател да помине над бугарскиот воздушен простор, пишува Њуз.бг.

Како Путин би стигнал до Будимпешта?

Најнови вести од: Регион

Скандал во албанското МВР, 520 вработени земале плата, некои со години не оделе на работа, а дел живеат и во странство!

Албанските медиуми објавија вест за скандал во Министерството за внатрешни работи, каде во платниот список имало 520 вработени кои примале плати, без да одат на работа. – Некои од нив со години живеат во странство, додека други се занимаваат со приватни бизниси или други активности. Феноменот покрена прашања за внатрешната контрола и одговорноста на раководителите кои со години ја дозволуваат оваа практика, наведуваат медиумите.

Република Српска оди на нови избори откако Саво Миниќ поднесе оставка

Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, денеска ненадејно поднесе оставка на функцијата, во пресрет на можноста неговиот мандат да биде оспорен пред Уставниот суд на Босна и Херцеговина поради спорниот начин на неговото назначување и избор.

Албанија ќе го прогласи Иран за спонзор на тероризмот

Со 79 гласови „за“, оние на владејачкото мнозинство и еден воздржан, на пленарна седница ја усвои Резолуцијата со која Иран се прогласува за „спонзор на тероризмот“ со што, како што се оценува, земјата се усогласува со стратешките сојузници.

Пендаровски: Албанскиот е службен јазик во Македонија, но…(ВИДЕО)

Албанците можат да го користат јазикот, но во многу случаи не гледаме негова целосна примена во институциите и судовите. Важно е да се постави прашањето дали овие права се применуваат во секојдневниот живот

To top