Регион

Бугарија: Снимени како подметнуваат оган (ВИДЕО)

Премиерот Жељазков претходно предупреди дека 95% од пожарите се предизвикани од човечка небрежност и затоа ги повика граѓаните на внимателност и одговорност

Додека на стотици места во Бугарија се регистрирани пожари, а ситуацијата може да излезе од контрола, на социјалните мрежи се споделува снимка од двајца пиромани кои без тронка совест, најверојатно со запалки за цигари палат оган во шумски предел.

Снимката е од соседна Бугарија, ја пренесува здружението „Пожарникари Струмица“.

Видео материјалот е од сигурносна камера од Велико Трново, .Бугарија.

Инаку и Бугарија овие денови, како и целиот регион е зафатена од огромен број на стихијни пожари.

Бугарскиот премиер Росен Жељазков истакна дека околу 240 пожариво овој момент има на територијата на земјата.

Според него, 95% од пожарите се предизвикани од човечка небрежност и затоа ги повика граѓаните на внимателност и одговорност, особено во услови на летни горештини и суши.

Најнови вести од: Регион

И Македонија во игра, екс претседател на земја членка советува како ЕУ да стане велесила

Борут Пахор е словенечки политичар кој беше претседател на државата од 2012 до 2022 година. Претходно ја извршуваше функцијата премиер и претседател на парламентот, а важи за искусен дипломат и силен поддржувач на европската интеграција на регионот.

Најнови вести

To top