Регион

Бугарски археолог: Во нашата етногенеза учествуваат десетици народи – не само Словени, Тракијци и Прабугари

Николај Овчаров ги барал корените во Монголија, а во интервју за тамошната Нова ТВ не ја одмина Македонија

„Културата на Првото бугарско царство е сложена мешавина – гледаме шамански култови и ирански традиции. Нашата историја не е едноставна – и не треба да ја поедноставуваме. Бугарите имаат сложена историја која не треба да ја омаловажуваме, туку да ја истражуваме. Десетици народи учествуваат во нашата етногенеза – не само Словени, Тракијци и Прабугари“, изјави тој за впечатоците од неодамнешната експедиција на бугарски археолози во Монголија, која ја потврдила хипотезата дека корените на Прабугарите се од Алтајскиот регион.

„Бугарија е благословена со тоа што е создадена на само околу 200 км од Цариград – центарот на цивилизацијата во тоа време. Но, од друга страна, сите инвазии минуваат тука. Ова нè прави нешто како чувари на Европа – ние сме должни да ги спречиме“, додаде Овчаров пред да се осврне на својата омилена тема Македонија.

„Оној што не го познава минатото, не може да ја разбере иднината. Македонското прашање нема да се реши со железница до Скопјe, туку со длабоко разбирање на историјата“, нагласи тој, пофалувајќи ја бугарската дипломатија за нејзината цврста позиција по ова прашање.

Тој ја спореди позицијата на Бугарија со онаа на Грција за време на Преспанскиот договор и инсистира неговата земја да не отстапува од своите принципи.

Најнови вести од: Регион

Скандал во албанското МВР, 520 вработени земале плата, некои со години не оделе на работа, а дел живеат и во странство!

Албанските медиуми објавија вест за скандал во Министерството за внатрешни работи, каде во платниот список имало 520 вработени кои примале плати, без да одат на работа. – Некои од нив со години живеат во странство, додека други се занимаваат со приватни бизниси или други активности. Феноменот покрена прашања за внатрешната контрола и одговорноста на раководителите кои со години ја дозволуваат оваа практика, наведуваат медиумите.

Република Српска оди на нови избори откако Саво Миниќ поднесе оставка

Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, денеска ненадејно поднесе оставка на функцијата, во пресрет на можноста неговиот мандат да биде оспорен пред Уставниот суд на Босна и Херцеговина поради спорниот начин на неговото назначување и избор.

Албанија ќе го прогласи Иран за спонзор на тероризмот

Со 79 гласови „за“, оние на владејачкото мнозинство и еден воздржан, на пленарна седница ја усвои Резолуцијата со која Иран се прогласува за „спонзор на тероризмот“ со што, како што се оценува, земјата се усогласува со стратешките сојузници.

Пендаровски: Албанскиот е службен јазик во Македонија, но…(ВИДЕО)

Албанците можат да го користат јазикот, но во многу случаи не гледаме негова целосна примена во институциите и судовите. Важно е да се постави прашањето дали овие права се применуваат во секојдневниот живот

To top