Регион

Бугарски медиуми: Пратениците речиси се степаа денес во бугарскиот парламент за Изборниот законик (Видео)

Пленарната седница на Народното собрание на Бугарија беше прекината денес, на 29 јануари 2026 година, откако пратениците од „Вазраждане“ и „Алијансата за права и слободи“ (АПС) речиси се пресметаа физички. Тензијата ескалираше за време на дебатите за измените во Изборниот законик, објави бугарската информативна агенција БТА.

Бугарските медиуми натаму известуваат: Искрата на конфликтот ја запали Цончо Ганев од говорницата, кој упати остри обвинувања до МРФ и АПС во врска со гласањето во странство. Тој го спомена и името на Христо Иванов во контекст на обвинувањата за воведување на турскиот јазик во бугарските училишта – теза што традиционално се користи за политичка провокација.

Додека заменик-претседателот на Вазраждане зборуваше, Даниел Петров од истата група влезе во жестока расправија со Ахмед Вранчев од АПС. Камерите во салата го забележаа моментот кога пратениците од Алијансата го одведоа својот колега за да спречат удар, додека се чинеа напори да бидат раздвоени завојуваните групи.

Претседателката на парламентот Раја Назарјан беше принудена да прогласи 20-минутна пауза со зборовите: „Ве повикувам да се смирите и да седнете на своите места“, цитирано од БТА.

Инцидентот се случи во контекст на разгледувањето на два клучни закона. Сепак, наместо експертска дебата, пратениците ѝ понудија на јавноста уште една епизода на агресија што ја блокираше работата на институцијата. – објавија денес БТА и бугарските медиуми.

Видео

Најнови вести од: Регион

Бугарија: Евакуација на судови и институции, откако добиваат повеќекратни закани за наводно поставени бомби

Втор ден по ред јавните институции низ цела Бугарија добиваат известувања за закани со поставени бомби, а властите добија повеќекратни предупредувања за наводно поставени експлозивни направи, објави во вторникот бугарското Министерство за внатрешни работи.

Масовни судири и оклопни возила пред албанскиот парламент! Ситуацијата драматично ескалира, демонстрантите бараат оставка на Еди Рама!

Продолжуваат протестите пред албанскиот парламент, каде што граѓаните се собраа против албанскиот премиер Еди Рама и неговата влада, одговарајќи на повикот на организаторот за одржување протест паралелно со пленарната седница на собранието. Според албанските медиуми, се случува вистински хаос: оклопни возила пред парламентот, полицијата пука со водени топови и користи солзавец. Пријавени се десетици приведувања и повредени.

To top