Регион

Дали Бугарија ќе си даде автогол со силењето пред ЕУ?

Брисел неофицијално ја предупредил министерката за финансии на Бугарија, Теменушка Петкова, дека може да ја запре постапката за премин кон еврото, објави Нова ТВ. Предупредувањето доаѓа откако претседателот Румен Радев повика на референдум за пристапувањето на Бугарија кон единствената европска валута. Претходно ГЕРБ-СДФ предложи барањето за референдум воопшто да не стигне до гласање, ниту во […]

Брисел неофицијално ја предупредил министерката за финансии на Бугарија, Теменушка Петкова, дека може да ја запре постапката за премин кон еврото, објави Нова ТВ.

Предупредувањето доаѓа откако претседателот Румен Радев повика на референдум за пристапувањето на Бугарија кон единствената европска валута.

Претходно ГЕРБ-СДФ предложи барањето за референдум воопшто да не стигне до гласање, ниту во комисиите ниту во пленарната сала на парламентот. Тие го повикаа претседателот на Народното собрание директно да го врати барањето на шефот на државата како недозволено.

Најнови вести од: Регион

Вучиќ: Криминалци ја преземаат контролата и ја уништуваат Србија

Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“, изјави дека „криминалниот клан од Врачар“ упатува закани кон успешни поединци низ Србија, првенствено бизнисмени и имотни луѓе. Тој, исто така, ја прочита содржината на две такви пораки.

Петков: Избравме „претседател на мирот“ – очекувам брз крај на војната во Украина

„Исто така, очекуваме голем просперитет под администрацијата на Радев: брзо решавање на проблемот со високите цени и буџетскиот дефицит, огромен пораст на приходите на граѓаните и, се разбира, целосно демонтирање на олигархијата“, вели Петков

To top