Регион

Десетици илјади на улиците на Софија бараат фер избори и независно судство

Десетици илјади луѓе излегоа на улиците на Софија и другите поголеми градови во Бугарија синоќа за да бараат фер и слободни избори, како и независно судство способно ефикасно да се бори против корупцијата.

Десетици илјади луѓе излегоа на улиците на Софија и другите поголеми градови во Бугарија синоќа за да бараат фер и слободни избори, како и независно судство способно ефикасно да се бори против корупцијата.

Демонстрациите се продолжение на протестите од претходните недели, кои иницијално беа предизвикани од контроверзниот нацрт-буџет за 2026 година со планирано зголемување на даноците и владините трошоци. Владата на премиерот Росен Жељазков го повлече буџетот, а потоа на 11 декември поднесе оставка под притисок на масовното јавно незадоволство.

Овие случувања ја оставаат Бугарија, членка на ЕУ, без буџет за 2026 година и без редовна влада, непосредно пред планираното приклучување кон еврозоната на 1 јануари 2026 година. Претседателот Румен Радев веќе започна консултации со парламентарните партии за формирање нова влада. Доколку не се формира редовен кабинет, шефот на државата ќе назначи привремена влада и ќе распише предвремени парламентарни избори, кои би биле осми од 2021 година.

Демонстрантите инсистираат на избори без купување гласови, манипулации и фалсификување на резултатите, како што тврдат дека се случувало во претходните изборни циклуси. Тие носеа бугарски и европски знамиња, а на еден од транспарентите пишуваше: „Ова не е фарса“.

Меѓу главните причини за незадоволството е улогата на политичарот и бизнисмен Делјан Пеевски, санкциониран од САД и Велика Британија поради корупција. Неговата партија „ДПС – Нов почеток“ ја поддржуваше коалициската влада во оставка, предводена од ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов.

Бугарија одржа седум парламентарни избори во последните четири години поради континуирана политичка нестабилност.

Најнови вести од: Регион

Вучиќ и Рама заеднички бараат влез во ЕУ по пат на „делумна интеграција“ и без право на вето!

Српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама се огласија со заеднички предлог за забрзана интеграција на Србија и Албанија во Европската Унија, но според модел што не нуди веднаш целосни членски права. Во заедничка колумна, објавена во германскиот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, двајцата предлагаат постепено вклучување во единствениот европски пазар и во Шенген како меѓучекор до полноправно членство. Остануваат дилемите колку „делумната интеграција“ е промислен чекор кон ЕУ, или е избрзано прифаќање „членство од втор ред“ за земјите што со години, па и децении чекаат интегрирање во „европското семејство“ но преку полноправно членство. Македонија е веќе 21 година кандидатка за влез во ЕУ.

„Доаѓаме: Група блиска со иранските власти му се заканува на Балканот

хакерската група изјави дека нападите врз институциите во Албанија се извршени за да се казни нивната одлука да ја засолнат иранската опозициска група Моџахедин-е-Калк (MEK), позната и како Народна муџахединска организација на Иран

Македонска Фејсбук-страница го тресе врвот на словенечката влада: „Маски паднаа“ со аудио-разговори

Фејсбук-страница администрирана од Македонија се најде во центарот на голем политички скандал што ги тресе словенечките политички кругови во последните денови

To top