Регион

Фон дер Лајен в среда во Скопје

Со посета на Тирана ја почнува својата тридневна турнеја низ земјите од регионот на Западниот Балкан

 

Како што информира Европската комисија, за време на престојот во Скопје Фон дер Лајен в среда попладне ќе се сретна со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателот на Собранието, Африм Гаши, јави МИА

На првиот ден од овогодишната петта по ред западнобалканска турнеја, Фон дер Лајен денеска во Тирана ќе има средби со албанскиот претседател Бајрам Бегај и премиерот Еди Рама, по што ќе се обрати на отворањето на Регионалниот инвестициски форум на ЕУ за Западниот Балкан.

Попладнево Фон дер Лајен ќе отпатува за Тиват, каде ќе се сретне со црногорскиот претседател Јаков Милановиќ и премиерот Милојко Спајиќ, а утре ќе учествува на Инвестициска конференција за паметна и зелена иднина.

Од Тиват, Фон дер Лајен утре ќе замине за Сараево на средби со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина и со претседавачката на Советот на министри, Борјана Кришто, по што ќе го посети и Меморијалниот центар во Сребреница.

Фон дер Лајен од БиХ ќе отпатува за Белград, каде в среда претпладне ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ и со премиерот Ѓуро Мацут, по што ќе замине за Приштина на средби со косовската претседателка Вјоса Османи и техничкиот премиер Албин Курти.

Од Приштина, Фон дер Лаjен в среда попладне ќе допатува во Скопје, кое ќе биде последна етапа од нејзината турнеја низ Западниот Балкан.

Европската комисија соопшти дека оваа турнеја ќе биде можност Фон дер Лајен да ја реафирмира поддршката на ЕУ за членство на земјите од регионот во Унијата и за нивниот постепен пристап до Единствениот европски пазар, како и да разговара за спроведувањето на Планот за раст на Западниот Балкан.

Оваа петта по ред годишна турнеја на Фон дер Лајен на Западен Балкан по оние од претходните четири години, како што наведува ЕК, ја потврдува важноста што регионот ја има за Европската Унија.

Најнови вести од: Регион

Во Драч уапсени двајца припадници на криминалната група „Беланоца“, барани со меѓународни потерница за убиства и други сторени кривични дела

Во заедничка акција на Македонската полиција, Американската ДСС и безбедносните органи на Албанија, во Драч уапсени се двајца припадници на организираната криминална група „Беланоца“.

Тајани: Силата на Европа зависи од влезот на Западниот Балкан во ЕУ, затоа Италија ја претставува неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“

Политичката сила на нашиот континент во наредните децении ќе зависи од влезот на земјите од Западен Балкан во Европската Унија, порачува италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија Антонио Тајани, во својата најнова колумна. Според него, многу кратковидо и погубно е да се одложува пристапувањето на земјите од Западниот Балкан кон ЕУ Затоа Италија ја промовира неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“, која ги обединува земјите-членки кои се најрешителни да го задржат европското внимание кон овој регион на високо ниво, истакнува Тајани.

Во Љубљана протест за излегување на Словенија од НАТО

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Израелхел“ (Israhell), кованица од англиските зборови Израел и пекол, „НАТО = мочуриште“ и „Повеќе не сакаме да сме робови на НАТО“ и апели за воведување санкции за САД и за Израел

To top