Регион

(Фото+Видео): Жестоки протести во повеќе српски градови

Повеќето собири почнуваат во 20 часот, а најголемиот се очекува во Ваљево. Таму граѓаните ќе протестираат против, како што велат организаторите, „изживувањата и малтретирањето на полицијата врз сите кои не се согласуваат со режимот на претседателот Александар Вучиќ, вклучително и врз малолетници“.

Силно полициско обезбедување, и вечерва се одржуваат масовни протести во повеќе градови низ Србија меѓу кои Белград, Ваљево, Милановац и Книќ. Студентите во блокада во денешните објави на социјалните мрежи, во кои ги најавија протестите и локациите, го напишаа и слоганот – „Србија не може да се смири“.

Жестоко беше вечерва пред седиштето на владејачката Српска напредна партија (СНС) во Ваљево. Таму се собра група од неколку десеттици млади луѓе, дел од нив со качулки на главите и маички врзани преку лицето со што го кријат својот идентитет. Тие почнаа да испукуваат пиротехнички средства кон седиштето на СНС по што се разгоре оган во дел од просториите. Набрзо пристигна противпожарно возило, а пожарникарите со помош на дел од демонстрантите го изгасија огнот.

Искршен е влезот во зградата на Општина Ваљево каде полицијата, која е во полна опрема за разбивање демонстрации, формираше кордон и употреби солзавец.

Како што јави телевизијата „Н1“, неколку стотици граѓани во Милановац вечерва фрлаа тоалетна хартија врз просториите на СНС во тој град. За тоа време, светлата во просториите на СНС биле исклучени, а пред просториите имало само полициски кордон кој не реагирал на овој потег на демонстрантите.

Протестниот марш во Нови Сад, пак, заврши пред канцелариите на СНС чии прозорци се искршени со шишиња и други предмети.

Српските медиуми јавуваат дека полицијата фрлила солзавец и шок бомби, а потоа јуришнала кон демонстрантите кои се собрале на вечерашниот протест во Нов Белград. Демонстрантите се обиделе да стигнат до седиштето на СНС на улицата Џон Кенеди кон кое биле испукани пиротехнички средства. На ова возвратила полицијата.

Инаку, веќе со денови ескалираат протестите ширум Србија. Така беше и вчера на протестите што се одржаа под слоганот „Не сме вреќи за удирање“. Тоа беше одговор на претходната ноќ кога полицијата употреби прекумерна сила против граѓаните. Во вчерашните протести се приведени 38 лица, а шест полицајци и непознат број демонстранти се повредени.

Студентите во блокада, поддржани од граѓани, мирно протестираа девет месеци поради смртта на 16 лица кога се урна стреата на железничката станица во Нови Сад. Но, сега целта на протестите е поинаква – промена на власта.

Нема да има предвремени избори толку брзо, одговори претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во интервју за државната телевизија. Тој повтори дека, според него, протестите се управувани однадвор, а демонстрантите ги нарече бандити.

Најнови вести од: Регион

(Видео): Силно невреме го погоди Белград, авионите не можат да слетаат на аеродромот „Никола Тесла“

Силно невреме проследено со грмотевици го зафати Белград, поради што два авиона веќе подолго време не можат да слетаат на аеродромот „Никола Тесла“. Станува збор за летови од Виена и од Анкара, кои кружат над Смедерево, а стигнале и до централните делови на Србија.

Вучиќ: странски разузнавачки служби имаат подготвено детални планови за свргавање на власта во Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во интервју за српските медиуми оцени дека сценариото со немирите во Непал и атентатот врз американскиот конзервативен активист Чарли Кирк било планирано да се случи и во Србија

Загриженост на Косово по суспендирањето на стратешкиот дијалог и соработка со САД

Одлуката на САД да го суспендира стратешкиот дијалог со Косово, поради постапките на владата предводена од вршителот на должноста премиер Албин Курти, предизвика силни реакции во земјата, објави Дојче Веле.

Република Српска им забрани влез на словенечкиот претседател и министерката за надворешни работи

Република Српска возврати на одлуката на Словенија за воведување санкции против српскиот лидер Милорад Додик, забранувајќи им влез во ентитетот на словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар и министерката за надворешни работи Тања Фајон

Трагедија: Како изгледаше возењето со параглајдер пред да погине 19-годишна девојка

Крајно вознемирувачкото видео, кое трае 2 минути и 43 секунди, докажува дека девојката жртва не сакала да си го одземе животот, како што многумина тврдеа и мислеа, туку дека долго време молела за помош пред да се отпушти од јажето поради, како што се сомнева, напад на паника.

To top