Регион

Хрватска една од земјите каде има највисока инфлација во Еврозоната

Само Естонија забележа повисока стапка на инфлација од Хрватска, од 6,2 проценти. Во целата еврозона, просечната годишна стапка на инфлација во август беше 2,1 процент.

Потрошувачките цени во Хрватска во август беа за 4,1 процент повисоки во споредба со истиот месец минатата година, објави Државниот завод за статистика.  Таа  е на исто  ниво како и во јули, со што беше прекинат тримесечниот тренд на забрзување на инфлацијата на годишна основа. Податоците на Евростат покажуваат дека инфлацијата во Хрватска во август била меѓу највисоките во еврозоната.

Стапката на инфлација во август 2025 година во Хрватска изнесувала 4,1 процент во споредба со август 2024 година, додека во споредба со претходниот месец, цените се зголемиле за 0,1 процент.

Според главните компоненти на индексот, проценетата годишна стапка на инфлација за услугите е 6,4 проценти, за групата  за храната, пијалоците и тутунот е 6,2 проценти,  за енергијата 2,5 проценти, а за индустриските непрехранбени производи без енергија  стапката е 0,5 проценти.

Според првата проценка објавена денес од Евростат, годишната стапка на инфлација во август во Хрватска, мерена според хармонизираниот индекс на потрошувачки цени (HICP) изнесуваше 4,6 проценти, што ја прави меѓу земјите со највисока инфлација.

Само Естонија забележа повисока стапка на инфлација од Хрватска, од 6,2 проценти. Во целата еврозона, просечната годишна стапка на инфлација во август беше 2,1 процент. По Естонија и Хрватска, највисока инфлација од 4,4 проценти е забележана во Словачка, потоа во Австрија  со 4,1 процент, пренесува Пословни дневник.

Најнови вести од: Регион

Камионџиите од Босна и Херцеговина на протест, бараат решавање на проблемите

Министерството за комуникации и транспорт на Босна и Херцеговина мора да ги спроведе сите 17 договорени мерки во целосна координација со министерствата на ентитетите без одложување. Конзорциумот истакнува дека роковите за дејствување се итни. Тие забележуваат дека замената на домашните возачи со „увезени решенија“ или префрлањето на проблемот во други земји е директно напуштање на домашната економија.

Србија дополнително ја намалува акцизата на горивата

Србија ќе ја намали стапката на акцизата на нафтените деривати за дополнителни 40 проценти, за да се ублажи ценовниот шок на бензинските пумпи, изјави денеска претседателот на државата, Александар Вучиќ, по седницата на Советот за национална безбедност.

To top