Регион

И благодарам на мојата Македонија – победник на ,,Ѕвездите на Гранд” е македонскиот претставник Никола

Неговите интерпретации на македонските песни во „Ѕвездите на Гранд“ ја одушевија публиката

 

,,Им благодарам на мојата Македонија и на мојот ментор”,  порача вчера Никола Станишиќ кој е победникот на осумнаесеттата сезона на „Звездите на Гранд“.

Никола Станишиќ од Македонија е победник на балканското музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ за 2025 година. Тој ја доби најголема поддршка од публиката на големото финале кое започна вчера, а се одвиваше до рано изутрина.

 

Никола Станишиќ има 25 години има завршено гимназија, живее во Скопје и веќе настапува со својот бенд и надвор од Македонија.

 

Неговите интерпретации на македонските песни во „Ѕвездите на Гранд“ ја одушевија публиката но и балканската пејачка ѕвезда Цеца Ражнатовиќ која беше негова менторка низ целото шоу. Таа дури стана и заигра македонско оро, велејќи дека македонската музика ѝ е многу блиска и мила.

 

Победата со многу емоции и солзи во очите Никола Станишиќ ја прослави на сцена со песната „Бисер балкански“.

Во претпоследната емисија, сите во екипата на Никола беа облечени во македонски народни носии. Свиреа на зурли и на тапани и направија вистинско шоу, вистински спектакл.

Никола во таа прилика се качи на тапаните и ја запеа познатата песна „Ќе ти дојдам вечер“ на Спасен Силјаноски.

 

Најнови вести од: Регион

Скандал во албанското МВР, 520 вработени земале плата, некои со години не оделе на работа, а дел живеат и во странство!

Албанските медиуми објавија вест за скандал во Министерството за внатрешни работи, каде во платниот список имало 520 вработени кои примале плати, без да одат на работа. – Некои од нив со години живеат во странство, додека други се занимаваат со приватни бизниси или други активности. Феноменот покрена прашања за внатрешната контрола и одговорноста на раководителите кои со години ја дозволуваат оваа практика, наведуваат медиумите.

Република Српска оди на нови избори откако Саво Миниќ поднесе оставка

Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, денеска ненадејно поднесе оставка на функцијата, во пресрет на можноста неговиот мандат да биде оспорен пред Уставниот суд на Босна и Херцеговина поради спорниот начин на неговото назначување и избор.

Албанија ќе го прогласи Иран за спонзор на тероризмот

Со 79 гласови „за“, оние на владејачкото мнозинство и еден воздржан, на пленарна седница ја усвои Резолуцијата со која Иран се прогласува за „спонзор на тероризмот“ со што, како што се оценува, земјата се усогласува со стратешките сојузници.

Пендаровски: Албанскиот е службен јазик во Македонија, но…(ВИДЕО)

Албанците можат да го користат јазикот, но во многу случаи не гледаме негова целосна примена во институциите и судовите. Важно е да се постави прашањето дали овие права се применуваат во секојдневниот живот

To top