Регион

И од ОН критика дека Бугарија измислува малцинства во Албанија

Посебен акцент во своето излагање специјалниот известувач ставил на мешањето на соседни држави во малцинските прашања, при што директно се осврнал,на случајот со Бугарија и обидите за инструментализација на малцинствата во Албанија, истакнувајќи дека во „такви ситуации малцинските прашања ја надминуваат рамката на човековите права и стануваат прашање на меѓународен мир и безбедност“

 

Специјалниот известувач на Обединетите нации за малцински прашања, проф. Николас Леврат, обраќајќи се на Форумот за малцински прашања во седиштето на ОН во Женева, изразил загриженост за Македонците во Албанија кои отсекогаш биле мирољубиви и лојални на државата Албанија, нагласувајќи дека ваквите сомнежи за лојалноста на малцинствата се честа и погрешна појава во многу држави.

Оценката ја дал во рамките на официјалната сесија организирана од неговиот мандат, даде јасен и принципиелен одговор на излагањето на Васил Стерјовски, претседател на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), посветено на положбата на македонската заедница во Албанија, објави весникот „Македониум“.

Во своето обраќање, Лаврат потенцирал дека зад легитимните барања за јазик, култура и идентитет не смее да се гледа скриена политичка агенда, нагласувајќи дека „ова е прашање на човекови права, а не прашање на лојалност кон државата“, пренесе МКД,Мк.

Посебен акцент во своето излагање специјалниот известувач ставил на мешањето на соседни држави во малцинските прашања, при што директно се осврнал,на случајот со Бугарија и обидите за инструментализација на малцинствата во Албанија, истакнувајќи дека во „такви ситуации малцинските прашања ја надминуваат рамката на човековите права и стануваат прашање на меѓународен мир и безбедност“.

„Токму поради вакви појави уште во времето на Друштвото на народите бил воспоставен систем за меѓународна заштита на националните малцинства, со цел да се спречат интервенции на соседни држави во внатрешните работи на суверени држави под изговор на ‘заштита’ на малцинствата“, рекол тој.

Нагласил дека злоупотребата на малцинските прашања како политички инструмент може да доведе и до сериозна внатрешна дестабилизација на државите, но и до загрозување на регионалната и меѓународната безбедност, наведувајќи дека ваквите практики, за жал, се користеле и како оправдување во современи конфликти, со јасни последици врз мирот и стабилноста.

Во тој контекст, Специјалниот известувач оценил дека оваа безбедносна димензија на малцинските прашања е тема на која активно работи и која ќе биде предмет на неговите извештаи до Генералното собрание на ОН, Советот за безбедност и земјите членки.

На крајот од своето обраќање, тој ја истакна улогата на Советот на Европа како најсоодветен институционален механизам за унапредување и заштита на малцинските права, потсетувајќи дека Албанија е потписничка на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и дека постојат јасни и функционални европски механизми за справување со ваквите прашања.

Во своето обраќање пред Форумот, Васил Стерјовски, претседател на МАЕИ,  рекол дека македонската заедница во Албанија е автохтона, мирољубива и конструктивна, но соочена со системски предизвици во областа на образованието, политичката застапеност, медиумската видливост и економскиот развој.

Тој особено укажа на политичкиот притисок од страна на Бугарија, која, според него, преку својата позиција во Европската Унија врши обиди за асимилација на Македонците во Албанија, вклучително и преку мешање во внатрешните процеси на земјата и влијание врз процеси како пописот на населението.

„Нашата цел не е конфронтација, туку еднакви права, достоинство и вистинска заштита на македонската заедница во согласност со меѓународните стандарди“, порачал Стерјовски.

Најнови вести од: Регион

Бугарите на протестите побараа оставка на Радев, нарекувајќи го „измамник“, „кукавица“ и „штетен за Бугарија“, а владата како „неспособна и криминална“!

Бугарската новинска агенција БТА објави: Антивладините демонстранти го блокираа сообраќајот на централните улици во Софија во саботата. На митингот се скандираше: „Оставка“ и „Ова не е Москва“! Граѓаните масовно бараа итна оставка од кабинетот на Радев само еден месец по неговото стапување на должност. На антивладините демонстрации во Софија вчера имаше транспоаренти со порака: „Чичо Румен, оди си со мир!“ „Целата влада на Радев е исткаена од грешки и како луѓе и како политичари. Грешки во надворешната политика, грешки во внатрешната политика, буџетот. Сè е ужасно. Ако Радев остане на власт, претпоставувам дека до зима во Бугарија ќе биде многу, многу лошо!“ – изјави еден демонстрант за Бугарското национално радио.

Илјадници на улиците во Софија, прв протест и „граѓански отпор“ против владата на „рускиот агент“ Радев, кои ја „одалечуваат Бугарија од европскиот пат“!

Во Софија синоќа се одржа првиот протест против владата на Румен Радев, при што илјадници граѓани излегоа на улиците изразувајќи незадоволство од политиките на актуелната власт, со посебен акцент на предложениот државен буџет и насоката во која, според нив, се движи државата. Организаторите упатија остри критики кон премиерот Радев, оценувајќи дека неговото владеење ја оддалечува Бугарија од европскиот пат. „Радев не е само бугарскиот Орбан. Тој е и бугарскиот Јанукович. Владеењето на ваквите руски агенти води кон војна ако не бидат соборени на време“, порачаа организаторите на протестот, пренесува бугарскиот медиум „Актуелно“.

Политико: Европската Унија планира постепена интеграција на идните членки преку економски бенефиции

Европската комисија работи на план што би им овозможил на земјите-кандидатки за членство во ЕУ пристап до одредени економски придобивки и пред формалниот влез во Унијата, изјавија неколку официјални претставници, објави денеска бриселскиот Политико.

И македонски државјанин дел од разбиен кокаински клан во Албанија

Во акцијата, издадени се налози за апсење на 10 лица, меѓу кои е и Сокол Бибај (43), еден од клучните членови на криминалната структура. Бибај се споменува и во аферата „Двојник“, кога македонските власти издавале македонски пасоши на познати криминалци од регионот и пошироко

To top