Регион

Косовскиот парламент конституиран, Србин за потпретседател

Косовскиот парламент денеска беше конституиран, осум месеци по парламентарните избори, со изборот на косовскиот Србин Ненад Рашиќ, лидер на Граѓанската иницијатива „За слобода, правда и опстанок“, за потпретседател на Собранието, јави весникот Коха диторе.

Косовскиот парламент денеска беше конституиран, осум месеци по парламентарните избори, со изборот на косовскиот Србин Ненад Рашиќ, лидер на Граѓанската иницијатива „За слобода, правда и опстанок“, за потпретседател на Собранието, јави весникот Коха диторе.

Рашиќ доби поддршка од 71 пратеник, девет беа против, а 24 воздржани.

Тој е министер за заедници и враќање во оставка и е петти, последен потпретседател на Парламентот. Останатите четворица беа избрани уште на 26 август.Според Уставот, петтиот  потпретседател мора да биде од српската заедница, но претходните кандидати не добија доволно гласови.

Политичката криза започна по изборите на 9 февруари, кога ниту една партија не обезбеди мнозинство во 120-члениот парламент, што доведе до повеќемесечна блокада.

Уставниот суд на Косово неодамна наложи Собранието да се конституира најдоцна 12 дена по објавувањето на пресудата на 8 октомври, со што денешниот избор на Рашиќ го означи крајот на институционалниот застој.

Најнови вести од: Регион

ОН: Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци

Постоењето на здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделуваат од властите или од мнозинството на населението – изјавила Ивон Дондерс, членка на Комитетот за човекови права на ОН

И Македонија во игра, екс претседател на земја членка советува како ЕУ да стане велесила

Борут Пахор е словенечки политичар кој беше претседател на државата од 2012 до 2022 година. Претходно ја извршуваше функцијата премиер и претседател на парламентот, а важи за искусен дипломат и силен поддржувач на европската интеграција на регионот.

To top