Регион

Листа на најбогати во регионот: Доминираат српски бизнисмени, меѓу кои и двајца спортисти

Сопственикот на Пинк, Жељко Митровиќ, е на 52-то место на листата, со богатство проценето на 591,7 милиони евра.

На листата на 100 најбогати луѓе во регионот, составена од весникот „Недељник“, на првите две места се граѓани на Србија, додека третото место го зазема бизнисмен од Хрватска. На листата на 100 најбогати има и четворица Црногорци, како и две лица, кои не се од светот на бизнисот.

На листата на „Недељник“ се наоѓаат вкупно 20 милијардери, предводени од сопственикот на „Делта Холдинг“ Мирослав Мишковиќ, чие богатство се проценува на 3.011.403.812 евра.

На второто место е семејството Костиќ, сопственик на „МК Груп“, со богатство од 2.918.891.445 евра, додека на третото место е најде Хрватот Силвио Кутиќ („Инфобип“) со богатство проценето на 2.524.942.253 евра.

Меѓу српските милијардери се издвојуваат сопствениците на Моцарт, Дејан Чакајац и Јадранка Степановиќ, со богатство од нешто повеќе од две милијарди евра.

На петтото место на листата е Петар Матијевиќ, сопственикот на „Матијевиќ“, чие богатство се проценува на 1.794.545.863 евра.

Филип Цептер е рангиран на 12-то место меѓу најбогатите луѓе во регионот, со богатство проценето на помалку од 1,5 милијарди евра. По него на 13. место се сопствениците на Спортвижан, Борислав и Драган Станојловиќ, чие богатство вреди околу 1,367 милијарди евра.

Повеќе од милијарда евра во Србија имаат и Љубиша Крстајиќ, сопственик на групацијата Каризма, сопствениците на НЕЛТ, Небојша Шапоњиќ и Ранко Сочанац, Драган Шолак, Богољуб Кариќ и Небојша Шарановиќ, сопственик на КАППА Стар.

Сопственикот на Пинк, Жељко Митровиќ, е на 52-то место на листата, со богатство проценето на 591,7 милиони евра.

Меѓу бизнисмените на листата има и спортисти. Тенисерот Новак Ѓоковиќ е на 65-то место со 455 милиони евра. Кошаркарот Никола Јокиќ е на 74-то место со 385 милиони евра.

Листата на 100-те најбогати луѓе во регионот ја составија експерти од две реномирани консултантски фирми кои работат на Њујоршката берза. Тие користеа авторитативни мултипликатори од Stern School of Business New York University (и споредбени компании) и во анализата ги вклучија резултатите од пазарните трансакции во регионот и светот.

Најнови вести од: Регион

Се фрлаа молотови коктели пред Владата, протестите вон контрола – солзавец на сите страни

Демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон пред парламентот, а попатно запалија контејнери за отпад. Демократите најавија продолжување на протестите и нивно радикализирање. Иако полицијата не дала дозвола за негово одржување, сепак, министерството за внатрешни работи ангажираше над 1.600 полицајци, како и припадници на специјалните единици.

„Падна“ првата оставка во новата техничка влада на Бугарија – се повлече вицепремиерот Цицелков

Новата техничка влада што вчера стапи на должност, веќе остана без еден вицепремиер – Стоил Цицелков, вицепремиерот за фер избори. Цицелков денеска поднесе оставка по информацијата дека бил уапсен поради возење под дејство и поради користење марихуана. Случајот почна од парламентот вчера, кога пратениците го нападнаа Цицелков со информациите за апсењето и уживањето марихуана.

Бугарска работа: Шоферот да се одмори, а другите нека чекаат! (ВИДЕО)

Во Софија, на еден од централните семафори среде ден, се одигра вистинска сообраќајна комедија: шоферот, очигледно исцрпен од градскиот метеж, решил дека црвеното светло е најдоброто време за краток одмор.

To top