Регион

Македонија со најмалку Југословени од сите екс ЈУ републики

Колкав број на Југословени има сега во поранешните југословенски републики

Најголем број граѓани кои сè уште се идентификуваат како Југословени живеат во Србија, додека нивниот број е најмал во Македонија и Словенија.

Овие податоци ги покажуваат официјалните резултати од предходни пописи на населението спроведени од државните статистички агенции во поранешните републики.

На инфографикот со наслов „Број на Југословени во екс југословенските републики“ се прикажани бројките на лица кои се изјасниле како Југословени според последните достапни пописи во секоја од поранешните републики:

Словенија**: 527 (податок од пописот во 2002 година)
Хрватска**: 942 (2021)
Босна и Херцеговина**: 2.570 (2013)
Србија**: 27.143 (2022)
Црна Гора**: 1.103 (2023)
Македонија**: 344 (2021)

Изворите се државните статистички агенции на соодветните земји. Посебно е нагласено дека податокот за Словенија е од 2002 година, бидејќи потоа земјата преминала на регистарски систем на попис кој повеќе не собира податоци за национална припадност.

Инфографикот е објавен од GEOINSTA а во него нема податоци за Косово и Војводина кои беа покраини во рамки на Србија во Југословенската федерација.

Најнови вести од: Регион

To top