Регион

Македонска државјанка се удави на Халкидики

Oва е четврти случај на давење на македонски државјанин на грчките плажи за оваа сезона

Вчера попладне 75-годишна македонска државјанка била извлечена без знаци на живот на плажата Созополи во општина Неа Пропонтида, во близина на првиот крак на Халкидики, веднаш ѝ била укажана прва помош од екипа на итната медицинска служба, по што била пренесена во болница, но лекарите констатирале смрт, јави дописничката на МИА од Атина.

Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека крајбрежната управа на Неа Муданија била информирана дека „75-годишна странска државјанка (државјанка на Република С. Македонија) била извадена без знаци на живот од плажата Созополи, во општина Неа Пропонтида“.

По пристигнувањето на возило на брзата помош ѝ била укажана прва помош, а потоа пренесена во Здравствениот центар во Неа Муданија, каде што била констатирана смрт.

Oва е четврти случај на давење на македонски државјанин на грчките плажи за оваа сезона, јави МИА.

Во изминатите два месеци животот го загубија 20-годишно момче на првиот крак на Халкидики, 77-годишна жена на вториот крак и 80-годишен маж во близина на Кавала.

Најнови вести од: Регион

И Македонија во игра, екс претседател на земја членка советува како ЕУ да стане велесила

Борут Пахор е словенечки политичар кој беше претседател на државата од 2012 до 2022 година. Претходно ја извршуваше функцијата премиер и претседател на парламентот, а важи за искусен дипломат и силен поддржувач на европската интеграција на регионот.

To top