Регион

Мартенс ја обвини Османи за вршење на интелектуална проституција

,,Постои граница помеѓу претставувањето на легитимните интереси на сопствената земја и самодеградирачката интелектуална проституција”

Еден од најдобрите западни познавачи на Балканот, новинарот на весникот Зи Дојче Цајтунг Михаел Мартенс ја обвини косовската претседателка Вјоса Османи за вршење на интелектуална проституција.

Мартенс реагира на промоцијата на филмот ,,Меланија” за сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп која ја организираше Османи во Приштина.

Османи пред изборите во САД му даде поддршка на кандидатот на Демократите Џо Бајден кој загуби од Трамп.

,,Дали некој некогаш му посочил на претседателот на Косово во заминување дека постои граница помеѓу претставувањето на легитимните интереси на сопствената земја и самодеградирачката интелектуална проституција? Г-ѓа Османи се чини дека не е свесна за оваа граница”, напиша Мартенс за Османи.

Предходно Османи објави дека филмот „МЕЛАНИЈА“ премиерно бил прикажан во Косово со огромен успех.

,,Здружувајќи уметници, ѕвезди и пријатели на Косово и САД за да доживеат смело прикажување на американското претседателско семејство и извонредното, влијателно лидерство на @FLOTUS @MELANIATRUMP. Водена од претседателката Османи, премиерата беше и прослава на сојузот меѓу Косово и САД: силен, траен и насочен кон иднината”, објави Османи.

На ова Мартенс пишува: ,,Додека претседателката на Косово очигледно мисли дека треба да го промовира плиток филм за плитката Прва дама, постои филм кој навистина заслужува внимание: „Срам и пари“ од Висар Морина, победник на овогодинешниот фестивал Санденс”.

Османи се уште не му одговорила на влијателниот германски новинар.

https://x.com/i/status/2017652577215619317

https://x.com/i/status/2017630033280409947

Најнови вести од: Регион

Атина и Софија потпишаа Меморандум за враќање на 48 реликвии во Грција и пренесување на останките на цар Самоил во Бугарија

Меморандум за разбирање со кој во Грција се враќаат 48 реликвии од два грчки манастири и од една црква што над 100 години биле изложени во Националниот историски музеј во Софија, а Грција ќе ѝ ги предаде на Бугарија останките на цар Самоил, потпишале денеска министрите за култура на двете земји, Лина Мендони и Евтим Милошев, јави дописничката на МИА од Атина.

Стерјовски на Самитот за мир во Тирана: Нашите идентитети не треба да бидат ѕидови што нè делат, туку мостови што нè поврзуваат“

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, учествуваше на Меѓународниот самит за мир, што се одржа во Тирана, посветен на темата „За верскиот соживот во Албанија“. Тој истакна дека верскиот соживот претставува една од значајните вредности на албанското општество, која треба да се зачува и да им се пренесе на идните генерации.

Кога стартува ЕТИАС и што значи тоа за македонските граѓани?!

Македонските граѓани кои планираат патувања во земјите од Европската Унија наскоро ќе соочат со уште една нова административна процедура пред да тргнат на пат. По пристапувањето кон Влезно-излезниот систем на ЕУ (EES), вниманието на јавноста и патниците од регионот се насочува кон ЕТИАС (ETIAS) – електронскиот систем за овластување за патување, наменет за сите државјани […]

To top