Регион

Над 10 загинати, 35 повредени во Домот за стари лица (ВИДЕО)

Предупредувањата за ситуацијата во Домот траеле со месеци

 

 

Според најновите официјални информации, вкупно 11 лица загинаа во пожар што зафати дел од зградата на Домот за стари лица во Тузла синоќа, додека 35 лица побараа медицинска помош во Универзитетскиот клинички центар во Тузла.

Седмиот кат од зградата на Домот за стари лица беше зафатен од голем пожар синоќа, а градоначалникот на Тузла, Зијад Лугавиќ, потврди за Klix.ba дека 11 лица загинале, додека 35 побарале медицинска помош.

Според информациите што ги има Кликс.ба, меѓу загинатите има и штитеници во домот кои биле на седмиот кат од зградата. Станува збор за неподвижни лица со тешко нарушено здравје.

Меѓу повредените кои побарале медицинска помош има жители и вработени во домот, како и полицајци, пожарникари и медицински техничари.

Според неофицијални информации, тројца од повредените се во критична состојба.

Најнови вести од: Регион

Русија регрутира граѓани од Молдавија, Бугарија и Србија за хибридни напади во Европа

Според западни разузнавачки извори, регрутерите и пропагандистите кои претходно работеле за рускиот ПМЦ „Вагнер“ станале главна алатка на Кремљ за организирање саботажни операции во европските држави.

To top