Регион

„Нетпрес“: Тројцата убиени во Бугарија биле од паравоена организација, која соработувала со бугарските власти

Тројцата убиени мажи, кои вчера биле пронајдени во поранешниот планинарски дом „Петрохан“ на Стара Планина во Бугарија биле припадници на паравоена ренџерска агенција, јавија бугарските медиуми. Трите жртви пронајдени убиени во „Петрохан“ се Дечо В. (45), Ивајло И. (49) и Пламен Ст. (51), објави бТВ. Тие биле членови на паравоена организација.

Во статијата на новинската агенција „Нетпрес“, покрај другото, натаму се наведува: Станува збор за „Национална агенција за контрола на заштитените подрачја“ (НАКЗТ), регистрирана во 2022 година како здружение, меѓу чии цели се наведени „сложена основна и последователна специјализирана обука на персонал за позициите „планинска патрола“ и „ренџер“. Претседател на здружението е Ивајло Валентинов Иванов, покажува Трговскиот регистар. Здружението има рамковен договор со Министерството за животна средина и води за соработка во заштитата на животната средина и поточно во заштитеното подрачје Западна Стара Планина и Предбалкан. Документот е потпишан на 8 февруари 2022 година од Ивајло Иванов и министерот во кабинетот на Кирил Петков, Борислав Сандов.

Според bTV, водечките верзии на кои ќе се работи денеска вклучуваат сè, од убиство до ритуално самоубиство. Се собираат податоци за починатите, се испрашуваат нивните познаници и роднини, се следат податоците за сообраќајот, како и снимки од безбедносни камери. Тројцата мажи беа пронајдени со прострелни рани во главите. Оружје било пронајдено и покрај нивните тела. Бил направен обид за палење на објектот.

Фотографија и текст на информативна агенција „Нетпрес“

 

Најнови вести од: Регион

Бугарија одбива европска медијација во спорот со Македонија

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вчера изјави дека дијалогот што се води околу отворените прашања меѓу Скопје и Софија има поддршка од европските институции и земјите членки на ЕУ, додавајќи дека земјава останува на своите јасни и принципиелни позиции.

БИА ги отфрла обвинувањата за незаконско следење и посочува дека имаат цел да ја дестаблизираат Србија

Од БИА истакнуваат дека и во најтешките времиња работата на Агенцијата ја носеле чесни луѓе кои својот живот го посветиле на заштитата на Република Србија и нејзините граѓани.

To top