Регион

Нов скандал во Црна Гора: Избега Милош Меденица, осуден за организиран криминал, син на поранешната претседателка на Врховниот суд

Нов скандал ја стресе Црна Гора. Полицијата, од средата вечерта, е во потрага по Милош Меденица, син на поранешната претседателка на Врховниот суд, Весна Меденица, кој исчезна без трага веднаш откако заедно со својата мајка беше осуден на 10 години затвор. По налог на судот, вчера е распишана локална потерница по него.

Се смета дека ова е најголем безбедносен пропуст во историјата на Црна Гора, зашто полицијата знаела во колку часот се изрекува пресудата и требала да внимава. Многумина се сомневаат дека се работи за договорено бегство, а претседателот на државата, Јаков Милатовиќ, го оцени ова како невиден скандал и крах на системот, зашто „држава која ќе изгуби осуден за организиран криминал, го губи кредибилитетот“. Премиерот, Милојко Спајиќ, уште вечерта, на состанок, побара одговорност од надлежните и на општествената мрежа „икс“ напиша дека информацијата за недостапност на Меденица за него е неприфатлива бидејќи, според пресудата, станува збор за „рганизатор на сериозна криминална група која извршила бројни кривични дела во Црна Гора“’.

Освен Меденица, сега се бараат и одговорните за неговото бегство. Пресудата се изрекуваше во средата околу 14 часот, а вечерта, полицијата отишла да го однесе во притвор по налог на судијката, но не го нашла на пријавената адреса. Ни Милош ни неговата мајка не присуствувале на изрекувањето на пресудите во средата.

Милош Меденица е неправосилно осуден на единствена казна затвор од 10 години и два месеца за шверцување цигари, противправно влијание на судската власт и спречување на докажување. Неговата мајка, Весна Меденица, е осудена на 10 години затвор за злоупотреба на службената положба и противправно влијание, дела што ги извршила додека била на чело на Врховниот суд, до пред шест години. Тие, исто така, во буџетот треба да уплатат по 50.000 евра. Помали затворски казни и обврска во државниот буџет да уплатат нешто над 2,7 милиони евра добија и десетина членови на криминалната група на Милош Меденица.

Специјалните обвинители за мајката и на синот Меденица побараа казни затвор од 20 години и парична казна од по 100.000 евра, меѓу другото, за да се испрати порака до ЕУ дека „Црна Гора се бори против криминалот“. Ова е втор голем скандал во Црна Гора за еден месец, по аферата со двајцата државни службеници кои си поднесоа оставки, откако беа обелоденети нивни експлицитни видеоснимки и фотографии.

Најнови вести од: Регион

Се фрлаа молотови коктели пред Владата, протестите вон контрола – солзавец на сите страни

Демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон пред парламентот, а попатно запалија контејнери за отпад. Демократите најавија продолжување на протестите и нивно радикализирање. Иако полицијата не дала дозвола за негово одржување, сепак, министерството за внатрешни работи ангажираше над 1.600 полицајци, како и припадници на специјалните единици.

„Падна“ првата оставка во новата техничка влада на Бугарија – се повлече вицепремиерот Цицелков

Новата техничка влада што вчера стапи на должност, веќе остана без еден вицепремиер – Стоил Цицелков, вицепремиерот за фер избори. Цицелков денеска поднесе оставка по информацијата дека бил уапсен поради возење под дејство и поради користење марихуана. Случајот почна од парламентот вчера, кога пратениците го нападнаа Цицелков со информациите за апсењето и уживањето марихуана.

Бугарска работа: Шоферот да се одмори, а другите нека чекаат! (ВИДЕО)

Во Софија, на еден од централните семафори среде ден, се одигра вистинска сообраќајна комедија: шоферот, очигледно исцрпен од градскиот метеж, решил дека црвеното светло е најдоброто време за краток одмор.

To top